Прогласена кризна состојба во затворот „Идризово

Со одлука на Владата прогласена е кризна состојба во затворот „Идризово“ поради спречување на безбедносни закани.

Ова се случува по информациите во изминатиот период за недостаток на чувари во казнено поправната уставнова.

Одлука е донесена на владината седница одржана во вторникот и веќе е во сила по нејзиното објавување во Службениот весник.

„Со оваа одлука се утврдува постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом 'Идризово' ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата“, гласи текстот на одлуката.

Од органите на државната управа се бара да преземат мерки и активности согласно прописите за управување со кризи, а од главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, да ги следи состојбите, да координира со активностите и редовно да ја информира Владата.

Кризната состојба ќе трае во следните 30 дена.

Центарот за управување со кризи, претходно денес објави дека припадници на МВР и Армијата ќе го обезбедуваат затворот поради недостаток на чувари.

Од ЦУК образложија дека еден од главните проблеми со кои се соочува „Идризово“ е недостигот на кадар во затворот. Велат дека бројот на вработени лица во затворската полиција е недоволен за да ги задоволи секојдневните потреби и активности.

Ќе се бара начин за вработување нов кадар, кој ќе биде одговорен за безбедноста и за ресоцијализаицијата на затворениците.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе