Пролетно освежување: Како евтино да го преуредите домот?

МИА/КАЈГАНА
/ 20.05.2021 / 13:43

Пролетта е идеално време за освежување на домот… Со доаѓањето на потоплите денови, многумина се одлучуваат за поголеми реновирања, како што е замената на керамички плочки.

Но, ако не сакате да трошите време и енергија на поголеми дела, може и со малку напор да му се даде пролетен изглед на местото каде што живеете.

Дневна соба

Сега е време кога се мијат прозорците и теписите. Подебелите зимски килими може да ги замените со потенки, шарени теписи. Новите корнизи или завеси се исто така одличен начин за освежување на дневната соба. Различни бои и материјали, нови перничиња за креветот или нови столчиња оставаат впечаток на целосно нов простор.

Најлесен начин да ја внесете пролетта во вашата дневна соба е да додадете растенија што ќе донесат боја и свежина, или пак, нови слики – било уметнички дела или фотографии. Доколку сакате да бидете креативни, може и сами да создадете уметност.

Со потоплото време, доаѓа и реорганизацијата на гардеробите. Соберете ја зимската облека што не планирате веќе да ја носите, сè што е надминато, спакувајте го и подарете го во добротворно здружение.

Спална, кујна, трпезарија, работна соба…

Време е да направите и промени и околу вашиот кревет – нова постелнина и ќебиња од потенки и воздушести материјали. Изберете прекривки во топли и светли бои или со цветен дезен. Дебелите ќебиња, и тешки јоргани одат во плакарот и ја чекаат есента.

Најлесен начин да ја освежите кујната или трпезариската маса е со нови јадења… Или пак, со нови чинии и чаши пастелни бои. Украсете ја масата со чаршав во цветни шари и светли бои надополнето со голема вазна со свежо пролетно цвеќе во центарот на масата. Познавачите препорачуваат лалиња.

Друг едноставен начин за пријатно украсување на кујната е – полица или подвижен елемент за зачини. Добрра организација на она што се гледа однадвор, ќе направи кујната да изгледа појасно и уредно, а полицата со зачини ќе го охрабри и готвачот во вас почесто да се впушта во нови комбинации на вкусови.

Ако работите или студирате од дома, искористете го пролетниот наплив на енергија за да го преуредите и работниот простор. Исфрлете го целиот вишок хартија и канцелариски материјали од работната маса и препуштете му се на минимализмот. Ако просторот околу вас е подобро организиран и без вишок работи, ќе бидете попродуктивни и ќе имате помалку работи коишто непотребно ви го одвлекуваат вниманието. Една креативна идеја е и тоа –  да ги преуредите полиците за книги според бојата на корицата. Така, книгите ќе послужат и како убав украс на просторот.

За да бидете ефективни и сосредоточени, важно е да имате доволно светлина на местото предвидено за работа. Ставете ја работната маса што е можно поблиску до прозорецот. А, ако ова не е можно, поставете подна ламба покрај работната маса или закачете светилка на блискиот ѕид. Но, важно е светлото да биде насочено во книгата или тастатурата, затоа што при слаба осветленост лошо влијае на очите, што може да доведе до главоболки, недостаток на енергија и послаби работни способности.

Балкон или тераса

Пролетта носи подолги и потопли денови. Дали има подобро од тоа да се седи на балкон со кафе и „порција“ сончевите зраци? Украсувањето на балконот или терасата по свој вкус ќе ги претвори во совршено место за опуштање.

Покрај нова маса и столови, допир на пролетта можат да донесат украсни перници во разни бои. За да има вистинска пролетна зелена оаза, украсете го просторот со растенија, а за максимална релаксација, нема да ви пречи лежалка за секој ваш слободен миг. 

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Живот

Како да се ослободите од непријатните мириси во фрижидерот?

Read more

Во кој случај не треба да земете домашно милениче?

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more
 

Магазин

Дали знаете што е витамин N? Многу е веројатно дека сте во дефицит, како и повеќето луѓе

Читај повеќе
  • play_arrow

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Читај повеќе

Како да се ослободите од непријатните мириси во фрижидерот?

Читај повеќе

Витаминска бомба против пролетен умор

Читај повеќе

Кардиолози откриваат како да го пресметаме ризикот од срцеви заболувања

Читај повеќе

На која возраст луѓето најчесто изневеруваат во љубовните врски?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Читај повеќе
  • play_arrow

Бургер на едноставен начин

Читај повеќе

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Читај повеќе