Променет системот на квалификации за Мундијал: Повеќе шанси, но покомплицирано

Светското првенство во 2026 година ќе се игра во САД, Мексико и Канада, а УЕФА го одреди начинот како ќе изгледаат европските квалификации за натпреварувањето на кое ќе учествуваат дури 48 репрезентации.

Места на Мундијалот за репрезентациите членки на УЕФА ќе има дури 16, сите преку квалификации, во кои ќе игра и Македонија. Но, патот е далеку од лесен.

Квалификациите ќе бидат поделени на два дела, а ќе почнат со фаза по групи каде ќе се формираат дури 12 групи со по 4 или 5 репрезентации.

Директен пласман на првенството ќе изборат победниците од секоја група, а натпреварите од овие групи ќе се играат од март до ноември 2025 година.

Можност за пласман во најголемото светско натпреварување ќе имаат и сите второпласирани репрезентации од групите, како и четирите победници на групите од Лигата на нации од сезоната 2024/2025, кои не избориле пласман преку квалификациите.

Тоа значи дека вкупно 16 репрезентации ќе играат по систем на мини турнири, поделени во четири патеки, по систем од еден натпревар во полуфиналето и еден во финалето, а претходно двојките ќе бидат одредени со жрепка. Четирите најдобри селекции ќе се пласираат на Светското првенство.

Шестнаесетте европски репрезентации ќе им се придружат на останатите 32 на Мундијалот 2026, каде ќе бидат извлечени 12 групи, секоја со по 4 репрезентации.

Останува сега ФИФА да го прифати, одбие или измени моделот усвоен од УЕФА за мундијалските квалификации 2026.

Тагови
реклама

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе