Променете ги овие три работи и ќе ги намалите стресот и нервозата

Кога хаосот е дел од нашето секојдневие, тоа може негативно да се одрази на менталното здравје.

Психолозите советуваат што треба да направите и што да промените за да ги намалите стресот и нервозата во секојдневието.

Физички неред

Кога станува збор за нередот во домот, може да го опишеме како хаос што се наоѓа во плакарите, кујната, дневната соба и слично. Многу често се случува луѓето на такви места да насобираат непотребни работи. Физички неред може да имате и на работа. На пример, работното биро ви е преполно со натрупани документи, непотребен прибор, книги кои немате намера да ги прочитате.

Ваков неред дозволуваме поради недостиг на време, а и во доста случаи, поради немање одредено место за предмети, па се натрупуваат. Истражувањата покажуваат дека трајното нарушување во вашата околина може негативно да влијае на вашата способност за фокусирање и обработка на информации.

Научници од Принстон докажаа дека физичкиот неред во вашата околина „моли“ за ваше внимание, што дополнително го зголемува стресот.

Емоционален неред

Потиснувањето емоции, неуспесите, нерешените проблеми, дилемите или чувствата кои ги чувате во себе, доведуваат до емоционален неред. Последица на тоа често е неможноста за препознавање на емоциите кои ги имате кон себе и неможноста на изразување на вашите чувства кон другите, победете ги стравот и фокусирајте се на сегашноста.

Дигитален неред

Доколку собирате непотребни дигитални датотеки како мејлови, фотографии, документи, тогаш сте соочени со дигитален неред. Ова ниво на неред често може да доведе до нервоза, а потоа и до стрес.

Дигиталниот неред дава лажно чувство на сигурност. Секогаш мислиме дека на тој начин полесно ќе пронајдеме нешто, но всушност само натрупуваме податоци, поради што стануваме понервозни.

Тагови
реклама

Здравје

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Исфрлете ги веднаш: Намирници што докажано предизвикуваат рак

Read more

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more
 

Магазин

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Читај повеќе

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Читај повеќе

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Читај повеќе
  • play_arrow

Кружен ток не е за секој

Читај повеќе

Епизода на Jackass се снимала во Скопје?

Читај повеќе

Јагодите брзо ви скапуваат? Со една состојка ќе останат свежи до 3 недели

Читај повеќе

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни езера во светот

Читај повеќе