Промовиран зборникот „Македонка – орган на АФЖ (1944-1952), историски искуства и културна меморија“

Фото: Соња Ставрова

Во Музејот на Република Северна Македонија во рамки на проектот Архиви на невидливите, Центарот за истражување на национализмот и културата – ЦИНИК – Скопје, во соработка со Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО го организираа мултидисциплинарниот настан кој вклучуваше отворање на самостојна изложба на уметницата Христина Иваноска со наслов „Документот што недостига: За методологијата (текст, глас и тело)“ и промоција на зборникот: „Македонка – Орган на АФЖ (1944-1952), историски искуства и културна меморија“.

Уредничките на изданието Ивана Хаџиевска и Јана Коцевска, заедно со другите автори Дарко Стојанов – Леитнер, Мања Величковска и Христина Иваноска ги презентираа наодите од истражувањето, по што следеше тркалезна маса за перспективите на истражувањето на ова прво женско списание на македонкси јазик и неговата индивидуелна, институционална и јавна димензија, каде свои излагања имаа Вера Бунтеска, Билјана Котевска, Јелена Милинковиќ и Душица Лазова. Модераторка и промоторка на книгата беше Ана Василева.

Фото: Соња Ставрова

Според изјавите на сите инволвирани, овој проект посветен на списанието „Македонка“ е од исклучителна важност во проучување на периодиката од Југословенскиот простор и оваа збирка нуди потенцијал за понатамошни истражувања од повеќе дисциплини. Вклучените во проектот ќе работат понатаму во насока на дигитализација на списанието со цел доближување на содржините од оваа периодика до јавноста.

Преку својата изложба Христина Иваноска се задржува на првиот број на „Македонка“ кој се појавува за прв пат во извонредно тешки услови на 7 ноември 1944 г. Фокусирајќи се на својата методологија на работа, Иваноска издвојува три суштински поими на перформативното: текст, глас и тело, околу кои се конципираше поставката на изложбата. „Документот што недостига“ е долгогодишен истражувачки, концептуален и ликовен проект на Иваноска започнат во 2014 година, а кој се однесува на формите, наративите и естетиката на политичкото дејствување на жените во Македонија во првата половина на 20 век и нивното поврзување со денешните форми на отпор.

В недела на 6 ноември од 11-13 часот, во рамки на „Маалски фестивал“ на Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“, ќе се организира прошетка низ изложбата во Музејот на РС Македонија водена од уметницата Христина Иваноска. Изложбата ќе биде отворена за јавноста до 30 ноември годинава.

Тагови
реклама

Македонија

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Read more

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Read more

Променливо облачно, попладне дожд

Read more

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more
 

Вести

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе