Педесет и деветгодишна жителка на скопско село, позитивна на COVID-19 вчера (30 август) околу 13:00 часот самоволно го напуштила гостиварското Инфективно одделение, излегувајќи преку прозорецот.
Набргу потоа, таа била пронајдена и вратена на натамошно лекување.
Се расчистува и документира случајот и против неа ќе следува поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.