Проштален говор на Трамп: Нашето движење допрва почнува

Во своето проштално видео обраќање, американскиот претседател во заминување Доналд Трамп ја поздрави новата администрација и рече дека сега, додека се подготвува да ја предаде власта, сака да порача дека движењето што го започна е само почеток.

„Оваа недела ја инаугурираме новата администрација и се молиме за нејзин успех во одржување на Америка безбедна и просперитетна“, рече Трамп во видео пораката, чии делови ги објави Белата куќа.

Трамп одби да го признае поразот од Бајден, кој победи на изборите со 306 гласа од Изборниот колеџ наспроти 232 на Трамп и нема да се сретне со Бајден пред неговата инаугурација, туку планира да отпатува за Флорида.

„Најголемата опасност со која се соочуваме е губење на самодовербата, губење на довербата во величината на нашата нација. Америка не е срамежлива нација на кротки души кои мора да се заштитат од оние со кои не се согласуваат”, рече Трамп.

Последните недели од својот мандат Трамп ги помина без да ја напушти Белата куќа по немирите предизвикани од неговите приврзаници при упадот во зградата на Конгресот.

Во својата видео порака, Трамп се осврна на аспектите на неговата работа со кои се гордее, пренесува Fox News.

„Ние го направивме тоа што требаше да го сториме, но исто така и многу повеќе. Водев тешки битки, најтешки битки, донесував најтешки одлуки – бидејќи затоа ме избравте мене“, рече Трамп, пренесе Гласот на Америка.

Тој потсети на мировните договори на Блискиот Исток со посредство на неговата администрација и ги пофали постигнатите надворешно-политички цели.

„Ние ги обновивме нашите сојузи и ги охрабривме земјите во светот да ѝ се спротивстават на Кина како никогаш порано. Особено сум горд што сум првиот претседател во последните неколку децении што не започна нови војни. Го напуштам ова прекрасно место исполнето со радост, оптимизам и голема доверба дека најдоброто допрва доаѓа, за нас, нашата земја и нашите деца “, рече американскиот претседател во заминување Доналд Трамп.

Remote video URL
реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе