Протекоа фотки од бизарниот лаптоп со два екрана на Lenovo

Ако мислевте дека имате видено сè што може да се види кога станува збор за лаптопите - обидете се повторно.

Lenovo, компанија позната по иновациите во многу полиња, се чини дека работи на целосно нов концепт на лаптоп кој има помал, секундарен екран сместен на десната страна од тастатурата. Рака на срце, ова не е прв пат да видиме дека Lenovo воведува лаптопи со двоен екран. Пред 12 години на саемот CES во Лас Вегас, Lenovo го претстави 17-инчниот ThinkPad W700ds, со дополнителен 10,6-инчен екран кој се извлекува од десната страна.

@evleaks повторно во акција

Сликата од новиот лаптоп е објавена на Twitter профилот на познатиот инсајдер evleaks, кој во повеќето случаи досега покажа дека има проверени информации. Секако, додека Lenovo официјално не ја објави потврдата, ова треба да се земе со доза на резерва.

URL

Во случај да се потврди дека навистина станува збор за лаптоп што го подготвува Lenovo, претпоставуваме дека тоа е дополнителна поддршка за креативците, кои сакаат да цртаат и уредуваат фотографии - приближно како интегрирана графичка табла. Самата слика кои протече ја прикажува сликата на големиот екран, додека на малиот има зумирана верзија на која корисникот прави нешто. На сликата се гледа и пенкало, што сугерира дека Lenovo ThinkBook Plus би можел да биде лаптоп наменет за дигитални креативци - уметници, кои би сакале да го заменат нумеричкиот дел со дополнителен екран.

На фотографијата се гледа и дека Lenovo, покрај дополнителниот екран, ја задржа целосната тастатура и пространиот тачпад. Меѓутоа, ако погледнете подобро, екранот на фотографијата изгледа прилично широк, па можно е да се работи за еден од најчудните соодноси на страници од 19:10 или дури 2:1.

Lenovo во принцип милува своите нови производи да ги најавува на саемите на CES, а на CES 2021 имавме можност да го видиме ThinkBook Plus Gen 2, на прв поглед многу нормален лаптоп, кој доаѓа со голем e-ink екран на преклопување. Секундарниот екран е со дијагонала од 12 инчи, резолуција од 2560х1600 пиксели и е чувствителен на допир, а во пакетот има и пенкало, кое има сопствен слот во куќиштето за лаптоп.

Remote video URL
За уметниците и оние кои се чувствуваат така

За разлика од моделите со e-ink екрани, доколку гласините се покажат точни, новиот лаптоп би можел да биде откровение за дигиталните креативци кои се навикнати да работат со графичка табла. Димензиите на употребливата површина може да бидат потенцијален проблем, но фактот што се работи за екран, а не за панел на допир е голема предност, како и положбата, точно за десната рака (извинување до левораките корисници).

Покрај новиот лаптоп Lenovo ThinkBook Plus, evleaks покажа повеќе фотографии, меѓу кои и моделот ASUS ROG Zephyrus Duo 16, кој исто така доаѓа со два екрана, од кои се издига секундарниот екран, поврзувајќи ги екранот и тастатурата. Претпоставуваме дека се работи за екран на допир кој може да има двојна функција - проширување на примарниот екран и одделни кратенки, команди и статистика за игрите, бидејќи сепак е гејмерска ROG серија.

Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Хардвер

Оптички диск од наредната генерација може да собере 14.000 4К филмови

Read more

Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Read more

Lenovo на MWC ќе претстави проѕирен лаптоп

Read more

Кој доминира на пазарот на графички процесори со вештачка интелигенција?

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе