Прв пат во земјава на ГАК извршен екстраперитонеален царски рез

На Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во петокот, 8 октомври, прв пат беше изведен екстраперитонеален царски рез врз 23-годишна трудница, која претходно имала три големи хируршки абдоменални операции заради повреди на внатрешни органи.

Од Министерството за здравство соопштија дека постоеле индикации нејзиното породување да заврши со царски рез, кој требало да се направи во интерес на бебето.

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на Одделот пуерпериум при ГАК-Скопје ја посети родилката и нејзиното новородено.

Инаку, екстраперитонеалниот царски рез е специфична техника на царски рез која е позната од пред 70 години и во поново време прв пат е реафирмирана во Франција. Ваков вид на породување со царски рез освен во Франција се изведува во Брисел (Белгија), во Загреб (Хрватска), но и во Тунис во Северна Африка.

Доц. д-р Игор Самарџиски, кој го изведе оперативниот зафат во петокот истакна дека пациентките со овој тип на царски рез побрзо и полесно се враќаат во нормален живот, нешто слично како по вагиналното породување. Бенефитот од екстраперитонеалниот царски рез, како што рече, е што родилката само неколку часа по операцијата може да се движи, да јаде, да пие и да му се посвети на своето новородено.

– Првпат во Македонија во петокот беше извршено породување со екстраперитонеален царски рез, со што ГАК-Скопје стана и прва клиника во регионот каде се примени оваа невообичаена техника. Среќен сум што по 30-годишно работно искуство на нашата клиника се роди бебе со екстраперитонеален царски рез, нешто за што сме слушале од повозрасните колеги, посочи Самарџиски.

Тој додаде дека со оваа техника, се намалува и ризикот од внесување на интаабдоминални инфекции и намалување на сраслини на внатрешните и на репродуктивните органи, со што се намалува и можноста од постоперативен стерилитет.

Доц. д-р Самарџиски неодамна се врати од едукативен престој – активен курс во болница во Ница, Франција каде учествуваше во изведување на екстраперитонеални царски резови.

Од Министерството соопштија дека техниката за екстраперитонеалниот царски рез е специфична, започнува во исти стил како и клисичниот царски рез, но кон местото на сечењето на матката и вадењето на плодот се пристапува со посебна техника на странично истуркување на бешиката од местото каде што треба да се направи екстараперитонеалниот царски рез. Потоа следува специфично кружно шиење на отворот на матката, што исто така придонесува за намалување на времетраењето на интервенцијата и за подобро зараснување на местото каде е пресечена матката.

Тагови
реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Македонија

Променливо облачно и врнежливо време со ретки грмежи

Read more

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Read more

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Read more

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Read more
 

Вести

Каков нов симбол се појави на руските тенкови?

Читај повеќе

ЕУ ќе распореди пожарникари на потенцијалните места за шумски пожари

Читај повеќе

Волстрит расте, но инфлацијата не стивнува

Читај повеќе

Падот на моќниот и вечен Шојгу

Читај повеќе

Променливо облачно и врнежливо време со ретки грмежи

Читај повеќе

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе