HBO објави тизер за „House of the Dragon“, серија базирана на „Game of Thrones“. Дејството ќе биде сместено во времето на Таргарјен, два века пред настаните во книгите „A Song of Ice and Fire“.
Последната сезона на „Game of Thrones“ не беше многу популарна, па останува да видиме дали оваа серија ги има сите предиспозиции да стане хит.
Прикажувањето на серијата, најавена пред две години, ќе почне во 2022 година. Базирана е според книгата „Fire and Blood“ на Р. Р. Мартин.
Трејлерот не открива многу за заплетот, но демонстрира што може да очекуваме.