Прв случај на зараза со коронавирус кај горили

Повеќе горили во зоолошката градина во Сан Диего во Калифорнија се заразиле со коронавирус и покажуваат симптоми на болеста, вклучувајќи и кашлица. Тоа е прв познат случај за пренесување на овој вирус кај големите мајмуни, соопштија оттаму.

Се претпоставува дека осумте горили се заразени со COVID-19 од асимптоматски членови на персоналот, и покрај почитувањето на строгите протоколи за биолошка безбедност согласно насоките на американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

Зоолошката градина тестирала примероци од фекалии на горилите, откако минатата среда две од животните почнале на кашлаат, се наведува во соопштението.

Првичните резултати покажале присуство на вирусот само кај некои горили, но имајќи предвид дека животните живеат заедно, вработените во ЗОО претпоставуваат дека е заразена цела група од пет женки и тројца мажјаци.

Три горили моментно покажуваат симптоми на болеста, вклучувајќи и кашлица, а целата група е под постојан надзор.

– Освен кашлицата, горилите добро се снаоѓаат. Групата останува заедно, но е во карантин, изјави генералната директорка на Сафари паркот, Лиса Петерсон.

Коронавирусот е откриен и кај голем број други видови диви животни во заробеништво, вклучувајќи неколку лавови и тигри во зоолошката градина Бронкс во Њујорк и четири лавови во зоолошката градина во Барселона во Шпанија.

– Меѓутоа, горилите во Сан Диего се прв познат случај на инфекцијата потврдена кај мајмуни, изјави портпаролот на зоолошката градина Ендру Џејмс.

Вирусот, исто така, се појави и кај голем број домашни кучиња и мачки. Минатиот месец, Министерството за земјоделство на САД го потврди првиот познат случај на коронавирус кај животни во дивината, а заразата е откриена кај визони.

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Вести

Прикажан првиот 4K дисплеј од 1000 Hz во светот

Read more

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Read more

Winamp се враќа во полн сјај

Read more

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Read more
 

Гик

Apple ќе лансира целосно нов модел на телефон - iPhone D23

Читај повеќе

Прикажан првиот 4K дисплеј од 1000 Hz во светот

Читај повеќе

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе