Прв трејлер: Како изгледа новата „FIFA“?

Збогум FIFA, добредојде EA Sports FC 24. Еве што треба да знаете за новата игра.

Официјално е претставена најпопуларната фудбалска симулација во светот, која порано ја нарекувавме FIFA, а сега за прв пат пристигнува под името EA Sports FC 24. EA го објави првиот трејлер за насловот кој започнува нова ера на ребрендираната франшиза, со 29 септември како официјален датум на претставување. EA Sports FC 24 доаѓа на PC, PlayStation 4, PlayStation 5, Xbox One, Xbox Series S/X и Nintendo Switch.

Иако пред официјалното соопштение имаше гласини дека ќе треба да издвоиме дури 80 евра за новата игра доколку поседуваме PlayStation 5 или Xbox Series S/X, компанијата ги демантираше и потврди дека EA Sports FC 24 ќе чини 69,99 евра. Компанијата бара исти пари од PC гејмерите, додека сопствениците на конзолите Nintendo Switch ќе платат малку поевтино за играта, односно 59,99 евра.

Оние кои сакаат да го играат новиот наслов седум дена порано, ја имаат достапна верзијата Ultimate Edition за 99,99 евра, а со нејзино купување ќе им бидат доделени 4600 FC поени во играта, како и можност за играње на кампањата Ultimate Team, која обичната верзија ја нема.

Remote video URL

Секако, Ultimate Team сè уште е достапен за сите, би било лудост ЕА да го тргне режимот кој им носи најмногу пари, а веста е дека оваа година во него ќе пристигнат и жените кои ќе се најдат рамо до рамо на теренот со мажите. Зборувајќи за женскиот фудбал, EA Sports FC 24 носи две нови женски лиги - Liga F (Шпанија) и Frauen-Bundesliga (Германија).

Иако ЕА не го продолжи договорот со Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации, поради што го смени името на својата игра, компанијата ги обезбеди лиценците по кои беа познати титулите на ФИФА. Повеќе од 30 лиги, 19.000 играчи и 100 стадиони ќе бидат присутни при лансирањето на EA Sports FC 24, а ЕА обезбеди ексклузивен договор со англиската Премиер лига и УЕФА за користење на нивниот бренд, кој ја вклучува Лигата на шампионите.

Енџинот Frostbite уште е присутен, иако од компанијата велат дека оваа година станува збор за подобрена верзија, а сопствениците на конзолите Switch несомнено ќе бидат среќни кога знаат дека нивната верзија на играта е придвижувана од истиот енџин. Подобрена е и технологијата HyperMotion, која во едицијата HyperMotionV пристигнува на PC, PlayStation 5 и Xbox Series S/X. Сопствениците на овие конзоли и компјутери, исто така, ќе можат да играат натпревари меѓу себе, а crossplay ќе биде достапен за сопствениците на PlayStation 4 и Xbox One, но одделно. За жал, истата можност не доаѓа кај Nintendo Switch.

Она што е сосема ново е PlayStyles, функција која ќе ги направи играчите поуникатни врз основа на податоци од реалниот свет. Компанијата тврди дека тоа ќе им даде уникатни способности и многу ќе влијае на играта.

Тагови
реклама

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе