Прва вистинска криза на Ерлинг Холанд по доаѓањето на Островот

Ерлинг Браут Холанд би можел да го искористи мартовскиот собир на норвешката репрезентација и да остане дома со своите сонародници за опуштање, ментален одмор, индивидуална работа и пронаоѓање на загубената форма поради која се наоѓа во првата вистинска голгетерска криза по доаѓањето во Англија.

До повредата поради која пропушти седум натпревари од средината на декември до почетокот на февруари, моќниот напаѓач со застрашувачко темпо ги кинеше противничките мрежи, постигнувајќи 71 гол за Манчестер Сити во сите натпреварувања во само 75 настапи за „Граѓаните“.

Сепак, откако се врати на терените по месец и пол пауза, 195 сантиметри високиот ас на европскиот шампион не ја затресе мрежата на 7 од 12 натпревари - против Копенхаген во Лигата на шампионите, Њукасл во ФА купот и Барнли, Брентфорд, Челси, Борнмут и Ливерпул во Премиер лигата.

Фактот дека тој сѐ уште има импресивен рекорд од 10 гола на 12 натпревари по повредата треба да се припише, пред сѐ, на фантастичниот настап против Лутон во Купот, во кој Норвежанецот од Лидс постигна 5 гола.

Колку што е очигледно дека враќањето во фудбалот не беше лесно во периодот од сезоната кога во Англија се игра засилено и на три фронта, очигледно е дека оваа кратка пауза во втората половина на март и враќањето во татковината може да му помогне да се ресетира и во препознатлив стил да се врати на тренинзите кај Пеп Гуардиола, а тоа за 75 милиони евра вредниот трансфер од Борусија Дортмунд значи речиси гол по натпревар.

Холанд не е далеку од тој просек ниту кога настапува за репрезентацијата за која на 29 настапи постигна 27 гола.

Нови можности за подобрување на инаку супериорната статистика ќе бидат пријателските средби со Чешка и Словачка, двете во Осло, на 22 и 25 март. Освен уште две пријателски на почетокот од јуни против Косово и Данска, Норвешка летово е слободна бидејќи не се пласираше на ЕУРО 2024.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе