Прикажана е првата епизода од долго очекуваната серија „House of the Dragon“ на HBO, за која критичарите претходно тврдеа дека е „подобра од Game of Thrones и Breaking Bad“.
Дејството во серијата се одвива пред настаните во „Game of Thrones“, во време кога владее семејството Таргарјен, односно околу предците на Денерис Таргерјен.
По премиерата на серијата, социјалните мрежи се преполни со коментари од задоволни обожаватели, а првата епизода засега на IMDb има оценка 9.
„Првата епизода е одлична, едвај ја чекам следната, Серијата е многу слична на петтата сезона на „Game of Thrones“, Епизодата е за оценка 11 од 10,“ се дел од коментарите.
Но, некои обожаватели искажаа незадоволство поради една работа, не им се допаѓаат компјутерски создадените ефекти (ЦГИ) за змејовите. Многумина забележуваат дека истите биле подобри во „Game of Thrones“.