Први знаци што телото ви ги испраќа дека сте под голем стрес

Секој од нас може да биде под стрес одвреме-навреме.

Доколку навреме не препознаеме дека сме во стресен период и не работиме на тоа, тоа може да има посериозни последици по нашето здравје, предупредуваат лекарите.

Од состојбата на кожата и расположението до квалитетот на сонот, важно е да се забележат првите знаци на високо ниво на стрес за да се избегнат здравствени проблеми.

Докторката Стефани Оои вели дека е важно луѓето навреме да ги препознаат знаците на висок стрес и да добијат помош, не само за емоционална благосостојба, туку и за физичко здравје.

„Прво, стресот не е секогаш негативен. Тоа е всушност многу корисна емоција за нашето тело. За време на периоди на стрес, нашите тела доживуваат реакција на ослободување на хормони, вклучително и адреналин, кои ни помагаат да се справиме со непријатните ситуации на најдобар можен начин. Но, стресот сега е дел од нашето секојдневие и проблемите можат да започнат кога долго време ги доживуваме симптомите на стрес, а честопати и не го сфаќаме тоа“, објаснува докторката.

Според неа, постојат неколку физички симптоми кои можат да укажуваат на тоа дека нивото на стрес во нашето тело е превисоко. Тоа вклучува:

влошување на состојбата на кожата (мозолчиња, акни, црвенило)

замор

дебелеење

дигестивни нарушувања

несоница

прекумерно спиење

послаб имунитет

Истражувањата покажаа дека високото ниво на стрес кај луѓето може да биде тесно поврзано со бројни здравствени проблеми како што се срцеви заболувања, дијабетес, болести на тироидната жлезда, гастритис, болки во грбот, хронични главоболки и вртоглавица.

Тагови
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе