ПСЖ со неочекуван трансфер

Раководството на ПСЖ продолжува со политиката што ја започна по трансферите на Килјан Мбапе и Нејмар. Францускиот гигант ги изненади сите и, иако со недели се зборуваше за трансфер на Ектор Белерин во тимот, нов десен бек на тимот ќе биде Алесандро Флоренци од Рома.

Стручњакот за трансфери, Џанлука Ди Марцио, беше првиот кој објави дека италијанскиот репрезентативец ќе се пресели на „Паркот на принцовите“ во наредните денови, првично на позајмица на една година, а клаузулата за откуп ќе биде додадена на договорот за летото 2021 година.

До неодамна се водеа преговори со Арсенал за Белерин за ваква зделка, но „Топчиите“ ја одбија опцијата за позајмица и побараа директен трансфер за околу 30 милиони евра.

Флоренци, кој играше како десно крило на почетокот на својата кариера, ќе го замени Тома Муние, кој по завршувањето на сезоната се пресели во Борусија од Дортмунд. Во составот на ПСЖ тој ќе се бори за место во почетниот состав со Тило Керер, кој го замени Муние во стартните 11 на Томас Тухел.

Ова ќе биде трет официјален трансфер на тимот од Париз ова лето, откако клубот ја искористи откупната клаузула на Мауро Икарди и го купи голманот на Севиља, Серхио Рико, кој ќе биде резерва на Кејлор Навас.

реклама

Фудбал

Леверкузен го собори рекордот без пораз и ќе игра финале во Лига Европа против Аталанта

Read more

Проклетство на германските голмани: Нојер го направи истото како Кан против Бразил во 2002

Read more

Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕУРО 2027

Read more

Во Милан го бркаат, Наполи го сака: Пиоли ќе го воскреснува гигантот од југот?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Дончиќ блесна и му донесе израмнување на Далас во серијата против Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Леверкузен го собори рекордот без пораз и ќе игра финале во Лига Европа против Аталанта

Читај повеќе
  • play_arrow

Проклетство на германските голмани: Нојер го направи истото како Кан против Бразил во 2002

Читај повеќе

Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕУРО 2027

Читај повеќе

Лазаров за дебаклот од Фарските Острови: Беа подобри, заслужено победија

Читај повеќе

Во Милан го бркаат, Наполи го сака: Пиоли ќе го воскреснува гигантот од југот?

Читај повеќе

На терен е ужас, но: Манчестер Јунајтед е највредниот клуб во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Јокиќ реагираше кога Шекил му рече дека не требало да биде МВП?

Читај повеќе

Што значеше пораката под дресот на Родриго?

Читај повеќе