„Пукна тиквата“: Видеото во кое Фернандеш го извиси Роналдо стана вирално

Иако се клупски и репрезентативни колеги кои многупати соработувале на теренот, Кристијано Роналдо и Бруну Фернандеш веќе не се во добри односи, ако може да се верува на видео кое брзо стана вирално.

Репрезентацијата на Португалија се собра пред патувањето на Светското првенство во Катар. Оваа репрезентација очекува многу од фудбалерите на Манчестер Јунајтед, но се чини дека љубовта меѓу Кристијано Роналдо и Бруну Фернандеш „пукна“, откако петкратниот освојувач на Златната топка „удри“ по сопствениот клуб во интервју за Пирс Морган.

Роналдо не поштеди никого во клубот и ги прозва сите, а за тоа ќе ги сноси последиците. Неговиот договор ќе биде раскинат, а на клубот ќе треба да му плати казна од 1,14 милиони евра.

Сепак, се чини дека неговите соиграчи веќе не можат да ги поднесат неговите испади, па прв реагираше Бруну Фернандеш. На собирот на репрезентацијата Фернандеш не сакаше ниту да се поздрави со Роналдо.

Роналдо долго време ја држеше раката во воздух, изненаден што Фернандеш не му ја возврати. Сепак, конечно реши да се поздрави со Роналдо. Токму постариот Португалец со изразот на лицето покажа дека работите не се како што треба меѓу двајцата клупски и репрезентативни колеги.

Откако Фернандеш си замина, Роналдо долго време го следеше со очи, зачуден од ваквата реакција.

URL

„Бруну е мојот капитен“, „Бруно е вистински играч на Јунајтед и мораме да го сакаме тоа“, „Што очекуваше по едно вакво интервју“, „Мојата почит кон Бруну сега е на толку високо ниво“, се само некои на коментарите на оваа реакција која брзо стана хит.

Сепак, овој потег не стана омилен на сите. Шест дена пред почетокот на првенството на навивачите на Португалија им е потребна хармонија и мир во тимот, а не раскол меѓу двете најголеми ѕвезди.

реклама

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе