Пукна трибината под жестоките навивачи на Бока Жуниорс

За жарот на навивачите на Бока Жуниорс нема што многу да се каже, а во јавноста се појавија загрижувачки видеа за пукањето на трибината под нозете на присутните на познатата „Ла Бомбонера“.

Навивачите на Бока Жуниорс се едни од најстрасните во светот. Како што е веќе симболично за Аргентина, навивачите на сите четири трибини не мируваат пред, за време и по натпреварите, а во такви услови, за жал, не се ретки катастрофите со смртни исходи.

Најмалата трибина на „Ла Бомбонера“ се ниша од атмосферата која ја создаваат навивачите на Бока и така било отсекогаш, а последните денови се појави нова пукнатина која предизвикува оправдан страв во јавноста.

На социјалните мрежи кружи видео на кое се гледа голема пукнатина која се појавила на една од трибините каде што се сместени домашните навивачи. Пукнатината на подот на еден од горните катови на трибината предизвикува таа да се „мрда“ при скокањето на навивачите.

Видеата се направени за време на реванш натпреварот од Копа Либертадорес помеѓу Бока Жуниорс и бразилски Коринчјанс кој се одигра ноќта на 6 јули. Заврши без голови, исто како и првиот дуел во Бразил, а Коринчјанс победи на пенали со 6:5 и се пласираше во четвртфиналето.

URL

Познатиот стадион „Алберто Хосе Армандо“, популарно познат како „Ла Бомбонера“ (бонбониера - кутија со чоколади) е изграден во 1940 година, но е реновиран во 1996 година. Сепак, се чини дека никогаш не бил во полоша состојба и надлежните мора да се погрижат да не дојде до сериозна катастрофа.

Она што е уште поинтересно е што соблекувалната на гостинската екипа се наоѓа под местото каде што се појави пукнатината. Легендата вели дека навивачите на Бока намерно скокаат за да го заплашат ривалот пред почетокот на натпреварот.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе