Пушачите имаат 80% поголема веројатност да завршат во болница поради ковид

Веројатноста дека пушачите ќе завршат во болница поради последиците од COVID-19 е 80 проценти поголема отколку кај непушачите, и тие се значително поверојатно да умрат од последиците од таа болест во споредба со непушачите, покажа една најнова студија.

Студијата, спроведена под водство на научници од Оксфорд, е прва што анализира и опсервациски, и генетски податоци за пушењето и коронавирусот.

Досега, велат експертите, имаше спротивставени податоци за тоа колку пушењето влијае на хоспитализација од ковид.

412.469 луѓе беа вклучени во студијата. Меѓу нив, 1.649 лица биле позитивни на ковид, 968 биле примени во болница, а 444 починале.

Мнозинството, или 57 проценти од вкупните учесници во студијата, никогаш не пушеле, 37 проценти биле поранешни пушачи, а четири проценти од учесниците во студијата пушеле во текот на студијата.

Меѓу вторите, мнозинството или 71 проценти од учесниците во студијата биле умерени пушачи (до 19 цигари дневно), а останатите 29 проценти биле тешки пушачи (20 или повеќе цигари).

Пушачите имаат значително поголема веројатност да умрат

Резултатите покажаа дека, во споредба со оние кои никогаш не пушеле, сегашните пушачи имале 80 проценти ризик од хоспитализација поради ковид.

Студијата исто така покажа дека луѓето што пушат од една до девет цигари имаат двојно поголема веројатност да умрат од ковид отколку непушачите, а оние што пушат 10 до 19 цигари имаат шестпати поголема веројатност да умрат. Кај тешките пушачи ризикот е уште поголем.

„Резултатите од студијата поддржуваат причинско -последична врска помеѓу пушењето и ризикот од развој на тешка ковид“, наведуваат авторите во студијата објавена во списанието Thorax.

„Нашите резултати сугерираат дека пушењето е поврзано со ризик од развој на тешка форма на ковид, исто како што влијае на здравјето на срцето, развојот на разни видови тумори и сите други состојби поврзани со пушењето“, рече водачот на студијата д-р Ешли Клифт, додавајќи дека „сега би било вистинско време да се одлучите да се откажете од пушењето цигари“.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе