Пуштено во употреба „Лајка“ - Јавното претпријатие за грижа и заштита на бездомните животни

Денеска градоначалникот Петре Шилегов го прогласи за отворено новото Јавно претпријатие за грижа за заштита на бездомните животни кои скитаат низ метрополата.

„Лајка“ е комплетно нов стационар, уреден и опремен по сите светски стандарди, кој располага со 200 засебни апартмани обезбедени со подно греење. Нуди можност за тестирање, вакцинирање, стерилизирање/кастрирање и чипирање на секое од кучињата.

Стационарот „Лајка“ располага со две операциони сали, оддел за интензивна нега, тријажен дел и постоперативен простор со 20 легла, салон за нега на кучињата, СОС линија, како и специјално изградениот Парк за интеракција, преку кој кучињата кои биле жртви на траума низ игра и забава ќе добијат прилика да стекнат навики за ресоцијализација.

„Во рамки на стационарот овозможивме и едукативен центар во кој најмладите ќе можат да добијат едукација, како и прилика за вдомување на некое од кучињата“, вели Шилегов.

„Со овој проект, наша цел е 'Лајка' да прерасне во првото место на кое ќе помислат граѓаните кои сакаат да вдомат куче, и истовремено да се потрудиме сите здрави и способни кучиња да најдат дом кој го посакуваат, затоа што секое куче заслужува втора шанса“.

Стационарот „Лајка“ е нешто кое на Скопје долго време чекаше. Кучињата скитници со години се проблем за граѓаните кои често се напаѓани и каснувани, а Град Скопје досега како одговорна инстритуцаија губеше и судски спорови од оштетени граѓани.

Фото: Град Скопје

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе