Путин до Западот: Вашиот Бал на вампири е завршен

Макфакс
/ 13.03.2024 / 19:39

Западните елити, кои се навикнати да ги „полнат стомаците со човечко месо“, се обидуваат да ја замрзнат неправедната ситуација во меѓународните односи, но мора да сфатат дека „Балот на вампирите“ завршува, рече рускиот претседател.

Путин потсети дека „таканаречената златна милијарда“ практично со векови „паразитирала на сметка на другите народи“, искористувајќи ги земјите и народите од Африка, Азија и Латинска Америка, пренесуваат медиумите во регионот.

„Западните елити имаат многу силна желба да ја замрзнат постојната ситуација, неправедната состојба во меѓународните односи. Со векови се навикнати да си ги полнат стомаците со човечко месо, а џебовите со пари. Но, мора да сфатат дека 'Балот на вампирите' завршува“, нагласи тој.

Рускиот лидер додаде дека работи во интерес на Русија и на народот.

„Едноставно работам во интерес на Русија, во интерес на нашиот народ. Но, дека се чувствувам како некој господар на животот на луѓето, такво нешто нема. Верувајте ми, ниту блиску. Јас само ја исполнувам мојата должност кон Русија и кон нашиот народ, кој Русија ја смета за своја татковина“, заклучи Путин.

реклама

Свет

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Read more

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more
 

Вести

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе