Путин нареди делумна мобилизација, ги поддржа сепарастичките референдуми во Украина

Б.С.Б.
/ 21.09.2022 / 08:58

Рускиот претседател Владимир Путин одржа говор во кој се осврна на најавените референдуми на територијата на Украина, како и понатамошните чекори на Руската Федерација во оваа држава.

Путин најави спроведување на делумна мобилизација.

„Зборувам за делумна мобилизација, ќе ги мобилизираме оние кои се во резерва, кои имаат искуство во армија и во борби. Пред да бидат испратени на фронт, ќе минат низ обука. Одлуката е потпишана, мобилизацијата се организира од денес. Ги повикувам сите региони да ни дадат поддршка во ова. Сакам да им порачам нешто на тие што ќе бидат мобилизирани. Ќе им бидат гарантирани истите услови како и на војниците кои се под договор“, соопшти рускиот претседател.

Потоа се осврна и на дејствувањето на Западот.

„Западот ги премина сите граници. Слушаме закани против нас, против нашата земја. Зборуваат дека ќе им дадат ракети од долг дострел со кои ќе можат да го гаѓаат Крим и други делови од нашата територија како што се Курск и Белгород. Повеќе не кријат дека Русија мора да биде уништена“, изјави рускиот лидер.

Испрати и предупредување до западните земји кои продолжуваат да ја поддржуваат Украина.

„Сакам да ве предупредам. Нашата земја исто така има силно оружје и помодерно од вашето. Територијалниот интегритет на нашата земја ќе биде заштитен и ќе се користи сѐ што имаме. Не е ова блеф. Граѓаните на Русија мора да знаат дека територијата на нашата земја ќе биде заштитена со сѐ што имаме. Запаметете западни партнери, ветрот може да се сврти и кон вас“, порача Путин.

Што се однесува до референдумите, Путин ги поддржа сепаратистите.

„Сестри и браќа наши во Донбас, Херсон и Запорожје, ќе направиме сѐ за да се одржат референдумите и луѓето ја изразат својата волја. Одлуката ќе ја донесат граѓаните на Лугањск, Донецк, Запорожје и Херсон. Мора да направиме сѐ за да ја заштитиме нашата татковина, луѓето во Русија и луѓето на ослободените територии“, смета тој.

Нагласи дека главна цел на Русија и понатаму е Донбас.

Remote video URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе