Путин нареди на семејствата на загинатите војници да им бидат исплатени по над 75.000 евра

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој се предвидува исплата по пет милиони рубљи (околу 75.800 евра) на семејствата на припадниците на руската национална гарда (Росгвардија) кои загинаа во Украина и Сирија.

Со декретот, Путин официјално призна дека меѓу загинатите во агресијата против Украина, која Москва ја опишува како специјална воена операција, има и членови на Росгардија. Станува збор за формација која е директно одговорна пред Путин, а е основана во 2016 година за борба против тероризмот и организираниот криминал. Претходно претежно се користеше за задушување на антивладините протести.

Западните аналитичари го толкуваат распоредувањето на членовите на Росгвардија од почетокот на војната како знак на погрешното верување на Москва дека брзо ќе ги окупира големите градови, вклучувајќи го и главниот град Киев, каде што гардата би имала улога во одржувањето на редот и задушувањето на протестите.

Меѓутоа, руските сили мораа да се повлечат од Киев и вториот по големина украински град Харков, па сега најтешките битки се водат во источниот дел на Донбас.

Претходно Путин најави шеми за обештетување на семејствата на загинатите и ранетите војници. На 25 март Русија последен пат го објави официјалниот број на загинати руски војници во Украина. Тогаш Москва соопшти дека 1.351 руски војник биле убиени, а 3.825 биле ранети. Украина и западните влади веруваат дека бројот е многукратно поголем.  

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе