Путин: Ситуацијата е самоубиствена за народот на Украина, но и смртоносна за Русија

По повод Денот на националното единство, претседателот на Русија се сретна со руски историчари со кои разговараше за историјата на Русија, како и за актуелните проблеми и војната во Украина.

Во текот на разговорот Путин рече дека е исклучително важно руските граѓани целосно да го познаваат руското минато, и блиското и подалечното.

„На Запад многу работи ги одредуваат либералните околности. За да им се допадне, многу историски настани се прикажуваат наопаку, а вистината се поништува“, рече Путин.

Потоа се осврна на војната во Украина, за што уште еднаш го обвини Западот.

„Западот ја преобликува свеста на милиони луѓе во Украина, им наметна псевдовредности, обидувајќи се да го активира фитилот што ќе доведе до колапс на Русија. Пред очите на една генерација, Украина се претвори од просперитетна република во диктатура која го негува злобниот антируски наратив на западните режими. Сегашната ситуација е самоубиствена за народот на оваа земја, но и смртоносна за Руската Федерација“, рече рускиот претседател.

Истакну дека конфликтот со, како што наведува Путин, „неонацистичкиот“ режим во Украина бил неизбежен.

„Руската борба со неонацистичкиот режим што се појави на територијата на Украина беше неизбежен. Доколку во февруари не беа преземени соодветни дејствија, сè ќе беше исто, само нашата позиција ќе беше полоша“, истакна Путин.

Во разговор со историчарите се осврна и на историјата на односите меѓу Русите и Украинците.

„Русија отсекогаш се однесуваше срдечно кон народот на Украина. Така се однесуваме кон нив сега, и покрај трагичната конфронтација. Тешко е да се забележи дека една нација се бори против друга. Всушност, конфликтот се одвива во една нација, исто како што беше по државниот удар во 1917 година“, заклучи рускиот претседател Владимир Путин.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Свет

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Read more
 

Вести

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Читај повеќе

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Читај повеќе

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Читај повеќе

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Читај повеќе

Зајкова: Забрзана ЕУ-интеграција е клучот за иднината на Македонија

Читај повеќе

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Читај повеќе

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Читај повеќе