КУП НА МАКЕДОНИЈА 2023/2024

Работнички ја исфрли Шкендија, во Купот останаа само прволигаши

Филип Здравески
/ 25.10.2023 / 16:33

На дождливото попладне денеска се одиграа осминафиналните натпревари во Купот на Македонија.

Најинтересно беше во скопската населба Ново Лисиче каде Работнички ја пречека Шкендија и успеа да слави со 3:2, резултат кој го однесе во четвртфиналето и притоа исфрли еден од претендентите за тронот.

Актуелниот куп шампион, екипата на Македонија ЃП, со минимални 1:0 славеше кај Вардар, згаснувајќи ја надежта на најтрофејниот клуб дека преку Купот може да излезе во Европа.

Брегалница беше немилосрдна со единствениот третолигашки претставник, струшки, Јанг Тим, торпедирајќи го со дури 11 голови.

Лигашкиот шампион Струга се сопна во Охрид кај Воска Спорт и доживеа елиминација по изведувањето на пенали.

Во Купот сега останаа само прволигашки екипи откако сите останати денеска беа елиминирани. Најблиску да остане во игра беше битолскиот второлигаш Пелистер, но прими доцен гол од Тиквеш.

Резултати:

Вардар (2) - Македонија ЃП (1) 0:1
63' Алтин Алији

Брегалница (1) - Јанг Тим (3) 11:0
2', 8', 19', 47', 70' Иван Глигоров, 11' Ѓорѓи Ѓорѓиев, 35' Петар Колев, 41', 81' Соломон Кинг Канформ, 79' Роналдо Ромарио Вебстер, 83' Димитриј Димитриевски

Работнички (1) - Шкендија (1) 3:2
9' Влатко Стојановски, 48' Марселин Гандо, 59' Атде Мазари - 17' Клисман Цаке, 43' Дашмир Беари

Силекс (1) - Башкими 1947 (2) 3:2
10', 13' Антонио Каланоски, 48' Дарко Анѓелески - 64' Бурхан Алији, 85' Мергим Љутфиу

Пелистер (2) - Тиквеш (1) 0:1
86' Даниел Мојсов

АП Брера Струмица (1) - Гостивар (1) 0:0 (5:4 пен.)

Шкупи (1) - Охрид Лихнидос (2) 4:0
17' Дуду Сампају, 75' Кристијан Трапановски, 86' Кевен, 90' Марио Младеновски

Воска Спорт (1) - Струга (1) 0:0 (4:1 пен.)

Четвртфиналните натпревари се закажани за 8 ноември. Претходно ќе биде направена и жрепката.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Фудбал

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Read more

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Read more

Серхио Рамос се сели преку океанот

Read more

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе