ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2022

Работнички по 8 години го врати Крсте Велкоски

Филип Здравески
/ 27.07.2022 / 16:40

Поранешниот капитен на „Романтичарите“ по трет пат ќе го облече црвениот дрес откако денеска стави потпис на договорот.

Фото: ФК Работнички Скопје

Тимот од скопско Дебар Маало се пофали дека се засилил со поранешниот репрезентативец Крсте Велкоски, кој изминативе 5 сезони настапуваше за босанскиот великан Сарајево, каде беше и капитен.

Велкоски потекнува од младинската академија на Работнички чиј дрес го носеше до есента 2008 година кога премина во Металург. Следуваа авантури во романски Чеахлаул и кипарски Еносис, за потоа од јануари 2011 до јануари 2014 повторно да го носи дресот на „Романтичарите“. Потоа замина во Сарајево каде по година и пол отиде на Далечниот Исток, прво во корејскиот Инчон, а потоа и во тајландскиот Суат Кат, за од летото 2017 повторно да заигра за тимот од босанската престолнина.

„Се чувствувам многу среќен, затоа што се вратив дома. Тоа е секогаш посебно чувство. Емоциите кон Работнички секогаш се максимални, верувам дека ќе му помогнам на тимот да ги оствари целите во претстојната сезона“, рече популарниот Крки, пренесе клубот преку својата официјална веб-страница.

Фото: ФК Работнички Скопје

Напаѓачот сега има 34 години и може да се каже дека направи паметен потег во враќањето во македонската лига, по една сезона каде иако капитен, не се изнаигра во Сарајево и често натпреварите ги почнуваше од клупата за резерви.

Со Работнички има освоено 2 домашни титули и тоа по еднаш 1.МФЛ и Купот, двете во сезоната 2007/2008.

URL

За македонската репрезентација има 15 настапи без постигнат гол. Во ерата на селекторот Игор Ангеловски беше редовно повикуван, но најчесто беше резерва. Беше дел и од составот кој учествуваше на ЕУРО 2020, а по континенталниот собир се пензионираше од репрезентацијата.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе