ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2021

Работнички претстави 5 зимски засилувања

Фудбалскиот прволигаш од Дебар Маало зимава прави мал ремонт во тимот и откако ангажираше нов стратег сега ги претстави и првите засилувања.

Фото: ФК Работнички Скопје

Засега Работнички купува домашно бидеќи сите петорица доаѓаат од македонски клубови.

Вратени назад во клубот се 21-годишните офанзивци Марио Станковски од Борец и Андреј Лазаров од второлигашот Тиквеш. Вториот всушност се врати од позајмица. Станковски е син на новиот спортски директор на клубот, поранешниот фудбалер Горан Станковски, како и постар брат на Лука Станковски кој полусезонава брилјираше на зелениот терен.

Нови играчи на „Романтичарите“ се уште двајца играчи на велешки Борец и тоа левиот бек Марјан Ристовски и голманот Бурхан Мустафа. Ристовски полусезонава играше одлично и дури и се најде во тимот на полусезоната.

Последното засилување доаѓа од Силекс и се работи за 21-годишниот централен дефанзивец Андреј Кировски кој претходно настапуваше и за Саса, хрватски Сесвете, а потекнува од школата на Вардар.

Работнички веќе има нов стратег и тоа Александар Влахо кој повторно доби шанса откако управата пред Нова година се раздели со Србинот Ратко Достаниќ. Влахо го водеше тимот на почетокот од ланската сезона, но неговиот ангажман тогаш прекина по само 10 натпревари поради слаби резултати.

реклама

Фудбал

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more
 

Спорт

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе