Радикални промени во Грција: На стадион само преку апликација

Макфакс/Кајгана
/ 29.01.2024 / 20:17

Фудбалските фанови во Грција во иднина ќе мора да ја користат државната апликација за дигитална идентификација на своите мобилни телефони за да купуваат билети за натпреварите.

Тоа е една од мерките за спречување на насилството во спортот што ги принуди фудбалските клубови да ги затворат стадионите за навивачите на два месеца, до 12 февруари.

Наредбата дојде откако минатиот месец настрада полицаец кој беше погоден со факел за време на навивачките немири во Атина.

Грчкиот министер за спорт, Јанис Вруцис, во грчкиот парламент треба да ги претстави деталите за новите правила за продажба на билети.

Други мерки што ги планира Владата се задолжителна забрана за пристигнување на конкретни навивачи по насилни инциденти, задолжително поставување на камери за надзор на стадионите и национален регистар на членови на фудбалски навивачки клубови.

„До сега не успеавме да го направиме очигледното – да ги идентификуваме луѓето кои влегуваат на стадионот. Со помош на мобилен телефон, личната карта на лицето може автоматски да се проверува со билетот. Никој без мобилен телефон нема да влезе на стадионот“, изјави министерот за државната телевизија за време на викендот.

Владини претставници велат дека новиот систем за билети ќе личи на електронските карти за качување што се користат на аеродромите.

Државната апликација за дигитална лична карта за мобилни телефони работи во Грција од 2022 година.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе