Ракип: Голема чест е што ќе играм за Македонија

Родум од Шведска, а по потекло од Преспа, Ердал Ракип за прв пат е со фудбалската репрезентација на Македонија откако ја прифати понудата на новиот селектор, а ФИФА даде зелено светло.

Фото: ФФМ

Ракип доаѓа во вистински момент, кога средниот ред на Македонија е ослабен со отсуството на Енис Барди поради повреда.

Швеѓанецот и порано имаше понуди да игра за Македонија, тогаш за младата репрезентација и токму од истиот селектор. Тогаш беше репрезентативец на Шведска и не се одлучи за промена. Сега, веќе е во Скопје.

„Прв пат пред неколку години Благоја Милевски ми понуди да играм за Македонија. Во тој период ми требаше време да размислам. За мене е голема чест што добив понуда да играм за репрезентацијата на Македонија и донесов одлука дека сега е вистинскиот момент да прифатам. Разговаравме со моето семејство и среќен сум што ќе играм во дресот на македонската репрезентација. Македонија е домот за моето семејство и одлуката сега воопшто не беше тешка“, вели Ракип во изјава за ФФМ.

Како младински фудбалер репрезентативната кариера во жолто-синиот дрес му одеше одлично. Ги мина сите категории, а со У17 репрезентацијата освои бронза на Мундијалот во 2013 година. Но, потоа никогаш не успеа да стане сениорски репрезентативец на скандинавската земја.

„Селекторот и соиграчите ми помагаат во адаптацијата на новата репрезентативна средина. Разговараме и се обидуваме да се запознаеме подобро. Малку ми беше тешко првиот ден, но веќе е поинаку“.

Роден е во Малме и е продукт на истоимениот шведски гигант со кого сезонава настапува и во Лигата на шампионите. Целиот свој живот игра за овој клуб со краток исклучок во 2018 и 2019 кога беше во Бенфика и Кристал Палас. Играше и на двата натпревара против Вардар летото 2017 кога македонскиот великан успеа да стигне до групната фаза во Лига Европа, а тогаш во квалификациите за Лигата на шампионите го победи клубот на Ракип.

Ракип во дресот на Малме против Вардар во 2017 година; фото: ФК Вардар Скопје

„Ги гледав последните натпревари на македонската репрезентација. Оваа селекција игра добар фудбал, во тимот има многу млади фудбалери кои формираат одлична екипа. Јас имам 25 години, сметам дека веќе сум во зрели фудбалски години и мислам дека во следните неколку години ќе напредуваме. Се обидувам да се вклопам во тимот, но без наметнување, туку улогата да си дојде сама по себе. Оваа репрезентација ќе напредува секоја наредна година. Ништо не доаѓа веднаш. Тимот е млад и желен за докажување“.

Фудбалската јавност очекува да го види Ракип уште в петок кога на теренот во Вадуц репрезентацијата ќе игра против аутсајдерот Лихтенштајн. Дали Милевски ќе изненади и од почеток ќе го пушти на терен или ќе го видиме од клупата во вториот дел, останува да почекаме до петок.

Фото: ФФМ

„Секој натпревар е тежок. Треба да издвојуваме победа против Лихтенштајн, а потоа нѐ очекува многу тежок натпревар на домашен терен против Германија. Во фудбалот секогаш има шанса за победа, но треба да се одигра максимално во текот на сите 90 минути. Но, да оставиме времето да покаже, сега сме фокусирани на натпреварот со Лихтенштајн. Чекор по чекор и секогаш да се стремиме кон победи“, завршува новиот македонски репрезентативец.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе