Рамос одбива да остане со Реал - Каде би можело да заврши?

Серхио Рамос сè уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид, кој истекува следното лето. Постои можност капитенот да го напушти клубот, а многу клубови ја следат ситуацијата со надеж дека ќе го донесат Рамос во своите редови.

Шпански AS пишува дека Реал Мадрид има непишано правило според кое не нуди долгорочни договори на играчи постари од 30 години. Исклучок беше Кристијано Роналдо.

Тоа значи дека на 34-годишниот Рамос би можело да му се понуди договор до летото 2022 година, за кој тешко дека ќе се согласи.

Доколку се случи Рамос да реши да го напушти клубот, има неколку клубови кои со задоволство би го зеле.

Севиља

Еден од нив е клубот во кој порасна - Севиља. Тој помина низ младинскиот погон на Севилја, дебитираше за првиот тим, а потоа летото 2005 година пристигна во Реал Мадрид за дури 27 милиони евра.

Неговата прекумерна плата може да биде пречка во овој трансфер, но никој не може да ја исклучи можноста Рамос да се врати во својот сакан клуб.

Тотенхем

Според порталот 90min, шест англиски клуба веќе контактирале со претставниците на Рамос. Еден од нив е Тотенхем.

Рамос веќе соработуваше со Жозе Мурињо и нивното познанство може да игра важна улога во евентуалните преговори.

Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед уште трага по својот идентитет по заминувањето на сер Алекс Фергусон. Доаѓањето на играч како Рамос би значело многу за клубот кој го изгуби својот победнички менталитет.

Оле Гунар Солскјер нема играч со искуство како Рамос во своите редови, а секој тим има потреба од еден таков лидер.

Баерн

Во Баерн сè уште не е познато што ќе се случи со Џером Боатенг и Давид Алаба, а има информации што сугерираат дека клубот веќе бара замена за двајцата.

Баерн претежно следи и носи помлади играчи, но приликата да се донесе фудбалер како Рамос без обештетување не се случува често.

Манчестер Сити

Манчестер Сити се поврзува со доаѓањето на Лионел Меси и клубот е преокупиран со Аргентинецот, но наводно спаѓа меѓу клубовите заинтересирани за Рамос.

Сити покажа квалитет во Англија, но сепак е без успех во Лигата на шампиони. Рамос е играч кој може многу да помогне на патот до освојување на европската титула.

ПСЖ

Пари Сен-Жермен е клуб кој исто така има огромна желба конечно да ја освои Лигата на шампиони. Потребни се лидери и искусни играчи за поход кон таков трофеј, а Рамос е таков.

Познато е дека ПСЖ нема проблем со парите и дека лесно може да ги исполни условите на Рамос.

Јувентус

Јувентус е познат по тоа што носи играчи со истечен рок на траење. Претходно ги доведоа Емре Џан, Арон Ремзи, Адриен Рабиот и многу други, а можно е да тргнат и по Рамос.

Клубот од Торино доминира во Италија веќе девет години, но беше запрен двапати во финалето во Лигата на шампионите. Рамос може да му помогне и да ја исполни таа цел.

Интер

Интер, исто така, често носи играчи без обештетување. Така го донесе Артур Видал од Барселона. Клубот можеби претпочита да донесе помлад играч, но за Антонио Конте е важно што побрзо да го освои трофејот.

Ако евентуално го донесе Рамос, Интер полесно ќе се бори на сите фронтови.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе