Раштан - една од најздравите намирници во светот

Ако веќе ви е доста од мрсната храна која доаѓа со постудените денови, време е да го детоксицирате телото и да јадете полесни оброци.

Една од најбараните намирници во ова време е секако раштанот, односно ливкаст кељ, тревен медитерански зеленчук кој е малку така подзаборавен. Прогласена е за еден од најздравите намирници во светот и е достапен речиси во текот на целата година. Сепак, тој е најбаран во зимските месеци бидејќи тогаш неговиот вкус е најсладок.

Раштанот, како и другите ливкасти зелени растенија, е богат со сулфурни материи кои штитат од рак, а исто така е одличен извор на калциум, кој е важен за јачината на коските. Богат е и со калиум, цинк, манган, магнезиум, фосфор и железо, бета-каротин (витамин А), лутеин, зеаксантин, витамини Б, Ц, Е и К, како и омега-3 масни киселини и триптофан, кој го регулира сонот.

Нискокалорична намирница

Покрај сите овие придобивки за човечкиот организам, раштанот е и нискокалорична храна, па дефинитивно многу почесто треба да се наоѓа на нашето мени, 100 грама раштан содржи само 30 калории и е богат со влакна. Одличен избор е за детоксикација на организмот, особено после празници и калорична храна.

Покрај варењето, раштанот е одличен сојузник во борбата против многу болести. Го намалува ризикот од срцеви заболувања, го подобрува здравјето на очите, ги зајакнува коските, богат е со фолна киселина, па затоа се препорачува и за трудници.

Гответе го на пареа

Гответе го на пареа или во топла вода, но не преварувајте за да не ги изгуби вредните хранливи материи и да стане горчлив, а освен супи, чорби и слично, можете да подготвите и сарма со листови раштан. За ова јадење одберете млади листови.

Тагови
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Живот

Како да се ослободите од непријатните мириси во фрижидерот?

Read more

Во кој случај не треба да земете домашно милениче?

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more
 

Магазин

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Читај повеќе

10 најздрави сирења, според нутриционистите

Читај повеќе

Дали знаете што е витамин N? Многу е веројатно дека сте во дефицит, како и повеќето луѓе

Читај повеќе
  • play_arrow

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Читај повеќе

Како да се ослободите од непријатните мириси во фрижидерот?

Читај повеќе

Витаминска бомба против пролетен умор

Читај повеќе

Кардиолози откриваат како да го пресметаме ризикот од срцеви заболувања

Читај повеќе

На која возраст луѓето најчесто изневеруваат во љубовните врски?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Читај повеќе