Razer Edge: Дали навистина ви треба Android конзола

Snapdragon G3X Gen 1, AMOLED екран од 6,8 GHz, одличен дизајн, Kishi V2 Pro контролер и коректна цена.

Компанијата Razer, за многумина најпозната по своите периферни уреди, а некои веројатно се сеќаваат и на Razer Phone уредите лансирани во 2017 и 2018 година, сега ја претстави својата прва гејминг конзола - Razer Edge.

Razer Edge спецификации

На предната страна на Razer Edge конзолата се наоѓа AMOLED екран со дијагонала од 6,8 инчи, резолуција од 2.400 x 1.080 пиксели, која се освежува со брзина од 144 Hz и која е заштитена од неименувано Gorilla Glass заштитно стакло. Регистрирањето на допир се врши со брзина од 288 Hz, што е прилично брзо, но далеку поспоро од гејминг телефоните како ASUS ROG Phone 6D, кај кои тоа се прави 720 пати во секунда.

Razer за потребите на овој уред соработуваше со компанијата Qualcomm, а резултатот од таа соработка е чипсетот Snapdragon G3X Gen 1 кој ексклузивно го покренува Edge. Овој чипсет поседува 8 Kryo јадра со брзина на такт од 3 GHz, Adreno GPU, како и активно ладење. Компанијата тврди дека претходните синтетички тестови покажуваат два до три пати поголеми перформанси во однос на Snapdragon 720G, но нам тоа многу не ни кажува, особено ако земеме во обѕир дека не знаеме кои сѐ бенчмарк тестови ова поредување ги носи. Повеќе би сакале да знаеме како се споредува со чипсетот  Snapdragon 8+ Gen 1 кој навистина добро се покажа.

Уредот има батерија со капацитет од 5.000 mAh и доаѓа во конфигурација со 8 GB LPDDR5 RAM и 128 GB интерна UFS 3.1 меморија. За аудиото се задолжени двојните звучници на предната страна и пар микрофони, а тука е и селфи камерата - за сите оние кои сакаат да стримуваат на својот гејмплеј.

Гејминг

Иако се претпоставуваше дека Razer Edge ќе биде еден уред, тој всушност се состои од таблет кој го покренува Android 12 и Razer Kishi V2 Pro контролер. Доколку се прашуваме ние, ова е одлична одлука на компанијата, бидејќи контролерите се далеку поподложни на расипување, а веројатно веќе повеќето имаат полна фиока со расипани контролери и џојстици кои никој не сака да се нафати да ги поправа, па сметаме дека многу подобро решение е да се има можност да се купуваат делови кои можат да се расипат, а не цела конзола. Згора на тоа, повеќето Android игрици не се наменети за контролери, па купувачите можат да го користат само таблетот кога играат игрица која бара употреба екран на допир.

Remote video URL
Цена и достапност

Razer Edge ќе биде достапен во три верзии: Wi-Fi, Founders Edition и 5G. Кога станува збор за спецификациите, нема разлика во перформансите помеѓу трите верзии. Моделот Razer Edge Wi-Fi е достапен за 399 долари и доаѓа со таблет и контролер Razer Kishi V2 Pro, а клиентите кои ќе издвојат 100 долари повеќе за Founders Edition, или 499 долари, ќе добијат и безжични слушалки со уредот. Цената на Razer Edge 5G е непозната, но знаеме дека ќе биде достапен само за мобилните корисници на Verizon и ќе поддржува поврзување 5G со помош на eSIM картичка.

Алтернативно решение

Нема сомнение дека Razer Edge ќе биде одличен уред за игрици, но прашање е дали на водечките сопственици на паметни телефони навистина им е потребен. Ако поседувате уред кој со перформансите може да одговори на најпребирливите игрици на денешницата, можете да заштедите пари и да купите само контролер за вашиот уред, а функционалноста ќе остане иста.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе