Разведените луѓе најмногу жалат поради овие 5 работи по бракот

Психолог од Универзитетот во Мичиген откри дека повеќето разведени луѓе жалат поради исти работи по разводот на нивниот брак, пишува Your Tango.

Истражување на податоци собрани од 373 пара, од кои 46%  подоцна се развеле во текот на првата година од бракот, откри поради кои работи разведените луѓе најмногу жалат по бракот. Доктор Тери Орбу од Универзитетот од Мичиген откри за што станува збор и сподели совети за решавање на тие проблеми.

Недоволно искажување љубов

Малите гестови како што се давање комплименти, изјави на љубов или држење за рака помагаат многу додека сте во брак. Најважните начини на искажување наклонетост се покажување љубов, давање поддршка и постигнување на тоа вашиот партнер да се чувствува добро во врска со самиот себе. Покрај тоа, љубовта и приврзаноста ги прават работите поинтересни така што не чувствувате досада во врската.

Од таа причина, многу разведени парови признале дека им е жал што не се потрудиле повеќе околу тоа додека биле во брак.

Избегнување разговор за пари

Често, главен извор на конфликти во повеќето бракови се парите. Психологот тврди дека треба почесто да разговарате на оваа тема, не само кога станува збор за плаќањето сметки.

Многу пари зажалиле што дозволиле да се разделат токму поради парите.

Товар од минатото

Орбу смета дека треба да се ослободите од минатото за да изградите здрав однос со партнерот. Тоа вклучува и надминување на љубомората поради претходните врски, инцидент од детството  или караница од пред 6 месеци.

Обвинувања на другиот

Психологот тврди дека постојат повеќе начини да се согледаат одредени проблеми, како и дека со добивање на перспективата на партнерот и нејзино спојување со вашата перспектива добивате перспектива на врската. Затоа е важно секогаш да го прашувате партнерот и за неговиот поглед кон проблемите.

Многумина тоа не го прават, па завршуваат разведени.

Неефикасна комуникација

Дури 41% од испитаниците ја навеле недоволната комуникација како главен фактор што би го промениле во следната врска бидејќи  тоа е најголемата причина за барање развод.

Психологот советува активно да го слушате партнерот, односно да се слушате еден со друг и секогаш да прашувате дали на крајот сте се разбрале.

Тагови
реклама

Љубов и секс

Што значи да сте заглавени во врска?

Read more

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе