УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Реакцијата на Ибра - слика и прилика на сите навивачи на Милан

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ беше многу возбуден и среќен во пресрет на натпреварот против Интер во Лигата на шампионите, но откако неговите соиграчи рано примија два гола, тој беше фатен на камера како во неверување се држи за главата.

Ибрахимовиќ зад себе дефинитивно има сезона за заборав и веројатно најлошата во неговата богата кариера, а откако минатата година имаше операција на коленото и беше надвор од терените до крајот на февруари годинава, одигра само 5 натпревари и доживеа уште една повреда, па ова сезоната за него е завршена.

Тој синоќа од трибините на стадионот „Џузепе Меаца“ го следеше натпреварот на неговите соиграчи против Интер, а иако беше многу расположен и возбуден пред почетокот на мечот, и во друштво на Новак Ѓоковиќ, Франко Барези и Марио Балотели, тоа се промени веќе по првите 11 минути откако Џеко и Мхитарјан постигнаа два брзи гола за „Нераѕурите“.

URL

Откако го примија вториот гол, камерата веднаш се фокусираше на Ибрахимовиќ, а неговата реакција дефинитивно беше слика и прилика на сите фанови на Милан ширум светот.

URL

Се фати за глава, се гледаше дека тешко постигнува гол од поле и дека не може да поверува каков кошмар доживеаја неговите соиграчи на самиот почеток од натпреварот.

URL

На крајот Интер славеше со 2:0 и направи голем чекор кон финалето од Лигата на шампионите. Реваншот се игра веќе во вторник, а овој пат како домаќин на истиот стадион ќе фигурира Интер.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе