Realme C33: 3 SIM картички истовремено, подобра камера и модерен дизајн

Доколку барате модерен и евтин телефон, Realme C33 би требало да биде на вашиот список со потенцијални кандидати.

Realme, најбрзорастечкиот бренд на паметни телефони, го лансираше својот најмнодерен entry-level телефон до сега - Realme C33.

Подигнувајќи ги стандардите во овој сегмент, по моделот Realme C30 сега пристигнува и Realme C33, кој има елегантен дизајн, но и некои опции кои не се карактреристични за оваа класа на телефони, како камерите од 50 мегапиксели.

Како што наведува компанијата, Realme C33 е инспириран од морето и правоаголниот дизјан, па овој тренди смартфон е достапен во златна и црна боја по препорачана цена од 178 долари за варијантата со 4 GB/64 GB меморија и 199 долари за варијантата од 4 GB/128 GB меморија. Во претпродажбата, која трае до крајот на денов (31 октомври 2022), Realme C33 може да се набави по специјални цени и тоа 149 долари за опцијата со 4 GB/64 GB меморија и 170 долари за оној со 4 GB/128 GB.

Модерен дизајн кој се истакнува

Компанијата Realme својот нов смартфон C33 го нарекува „крал на категоријата буџетски телефони“, а тоа име го оправдува со фактот што Realme C33 ги разбива стереотипите со стилот и елеганцијата на завршната обработка, помеѓу останатото. Кај овој уред користењето е иновативна обработка на ниво на микрони и технологија на ласерска литографија како би се создал единствен рефлектирачки ефект на задната страна од телефонот, што резултира со динамично визуелно прекршување на светлината кога се гледа од различни агли. Покрај тоа, C33 е заматен, со цел да имитира текстура на вода која тече.

Realme C33 доаѓа во две варијанти - златна и црна.

Напоредна камера од 60 мегапиксели

Со главна камера од 50 MP и AI поддршка, Realme C33 на корисниците им отвора можност за снимање висококвалитетни фотографии. Исто така, овој телефон поседува ноќен режим, HDR режим, Timelapse, панорамски начин на фотографирање и уште многу од тоа.

Телефонот е исто така опремен со HDR (CHDR) алгоритам кој служи за подобрување на квалитетот на сликите, комбинирајќи до 5 кадри во една, за композиција на слики со висок динамички опсег при слаба осветленост, што помага да се обезбедат богати детали за премногу експонираните делови и подобрување на ефектот на потиснување на светлите делови.

Што уште нуди Realme C33

Моделот Realme C33 има екран со дијагонали од 6,5 инчи (16,5 цм, 1.600х720 пиксели, 400 нити осветлување) во кој е уфрлен mini-drop notch за предната селфи камера од 5 мегапиксели. Спарен со засилена батерија од 5.000 маха, на корисникот му овозможува користење и до 37 дена во режим на чекање на поддржаните мрежи. Realme C33 има и режим за ултра-штедење кој нуди до 1,8 повици со само 5% батерија.

C33 го покренува Unisoc T612 процесор и UFS 2.2 меморија, што во комбинација обезбедува брза и флуидна работа на системот, а исто така е и првиот модел од серијата C кој штом ќе се вклучи нуди Android 12. Воедно, поседува брз страничен сензор за отисок од прст за дополнителна сигурност, а за скенирање на лицето и отклучување може да се користи и предната камера.

Ова е еден од ретките телефони на нашиот пазар кој поддржува користење на три SIM картички истовремено, има Bluetooth v5,2 и Wi-Fi 802.11 b/g/n, hotspot опција, GPS, 3,5 mm џек, но нажалост не поддржува NFC.

Remote video URL
Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Мобилни

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Read more

Tи се игра „змија?“

Read more

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Read more

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе