Рецепт на денот: Лазањи од шпагети

Овие лазањи од шпагети ќе ви се допаднат на првиот залак, а сите ќе ве прашуваат за рецептот за ова јадење. Превкусно, а секој може успешно да го направи.

Италијанската кујна е една од најпознатите во целиот свет, а еден од најдобрите специјалитети се секако лазањите. Не се тешки за подготовка, а доколку сакате да ги јадете, ви го предлагаме и овој рецепт. Станува збор за лазањи направени со шпагети, а за уште подобар вкус додадете прелив од кашкавал. Задолжително пробајте, бидејќи сигурно ќе уживате во секој залак.

Потребни состојки:

  • 800 мл сос од домати
  • 1 конзерва сечкан пелат
  • 1 кромид
  • 1 пиперка
  • 4 чешниња лук
  • 900 гр мелено месо
  • 1 лажичка ворчестер сос
  • ¼ чаша суво црвено вино
  • италијански зачин
  • мелена пипер
  • сол
  • лук во прав
  • кромид во прав
  • 2 прстофата шеќер
  • свеж босилок
  • 2 лажици доматна паста
  • 1 пакување шпагети
  • 250 гр тврд кашкавал (по можност чедар)
  • маслиново масло

За преливот:

  • 1 шолја рендан пармезан
  • 300 гр моцарела
  • ½ шолја кисела павлака
  • 150 гр кремсир со лук
  • свеж магдонос
  • сол
  • бибер
  • лук во прав
  • кромид во прав

Подготовка:

Загрејте го маслиновото масло, а потоа додадете ги исечканите кромид и пиперка. Пржете додека не омекнат, па додадете мелено месо и толчен лук. Добро зачинете (сол, бибер, лук и кромид во прав, италијански зачин, мелена пипер), па измешајте, а кога месото малку ќе се испржи додадете пелат, доматна паста и шеќер. Промешајте и оставете да се крчка неколку минути, а потоа сипете го црвеното вино. Оставете да зоврие, па истурете го доматниот сос. Оставете го сосот да зоврие и покријте го, а потоа гответе на тивок оган околу еден час или два, повремено мешајќи. Вкусете го готовиот сос и додадете шеќер ако е премногу кисел. Додадете сечкан босилек.

Во сад измешајте кремсир, павлака, сечкан магдонос, зачините, па додадете рендана моцарела (оставете малку на страна) и рендан пармезанот. Сè убаво измешајте, а шпагетите сварете ги според упатството - ал денте. Во тава истурете тенок слој месо, потоа процедените шпагети, па слој од смесата со кремсир. Посипете со рендан чедар, па наредете уште еден слој шпагети, па месо, како и ренданата моцарела што ја оставивте на страна. Печете во загреана рерна на 190°C околу 30 минути.

Remote video URL
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Рецепти

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе