Рендерите за Pixel 5 откриваат детали за смартфонот на Google

Google веќе го претстави Pixel 4A, а сега се чека доаѓањето на Pixel 5 и Pixel 4A 5G.

Pixel 5 заедно со Pixel 4A 5G најверојатно ќе стигне во почетокот на октомври, а сега се појавија рендерите кои откриваат некои детали за новиот уред.

Нема некои големи изненадувања – на рендерите се гледаат две задни камери, блиц и засега непознат сензор, како и сензор за отпечаток од прст. Напред има селфи камера сместена во вдлабнатина во горниот лев агол на екранот.

Има различни информации за екранот на Pixel 5. OnLeaks тврди дека големината ќе биде меѓу 5,7 и 5,8 инчи, односно помал или еднаков на екранот на Pixel 4A.

Од друга страна Android Central смета дека Pixel 5 ќе има 6-инчен OLED екран со фреквенција на освежување од 90Hz, што има повеќе смисла, бидејќи уред со 5,8-инчен екран би бил помал во однос на уредите со кои ќе се „бори“ на пазарот, како Samsung Galaxy S20 кој има 6,2-инчен екран.

Remote video URL

Се шпекулира дека Pixel 5 ќе го напојува батерија од 3.080 mAh, а Android Central тврди дека ќе биде поголема од онаа во Pixel 4.

Remote video URL

Сѐ наведува на тоа дека ќе има Snapdragon 765G процесор што поддржува 5G мрежа, но за нијанса поинфериорен во однос на Snapdragon 855 во Pixel 4.

URL

Уредот ќе има 8 GB RAM и 128 GB интерна меморија, ќе поддржува 15W Qi безжично и 5W реверзибилно полнење.

реклама

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе