1.МФЛ 2022/2023

Ренова се откажа, првата фудбалска лига останува со 11 учесници

Филип Здравески
/ 30.07.2022 / 11:15

Фудбалскиот клуб од тетовското село Џепчиште после 17 сезони играње во највисокото македонско фудбалско друштво најави дека се повлекува и во претстојнава сезона 2022/2023 нема да се натпреварува.

Фото: ФК Ренова Џепчиште

Синоќа раководството на Ренова испратило официјален допис до Фудбалската федерација на Македонија во кој известува дека клубот нема да се натпреварува во 1.МФЛ во новата сезона, чиј почеток е закажан за наредниот викенд.

Ова и не е изненадување со оглед на тоа што Ренова уште во јуни се разедели со сите првотимци, не донесе ниту едно засилување за потоа да се рашири и информацијата дека клубот ќе се повлече од натпреварување во македонската елита. Сепак, потоа од клубот објавија дека се во преговори со спонзор од странство и клубот учествуваше на прволигашката жрепка пред точно 10 дена. Се чини се чекало до последен момент на позитивен исход од преговорите со странскиот спонзор, до што очигледно не се дошло по што сега Ренова и официјално нема да учествува.

Ренова почна како фудбалска школа за дечина во Џепчиште во 2000 година под покровителство на истоимената фирма за градежни материјали. Потоа во 2003 година го купи местото на клубот Шкумбини во третата лига Запад од каде почна поход кон првата лига каде стигна по само две години. Од сезоната 2005/2006 Ренова учествваше во сите наредни 17 сезони во 1.МФЛ. Еднаш успеа да стане шампион и тоа во сезоната 2009/2010, а еднаш го освои и Купот на Македонија во сезоната 2011/2012 кога во финалето во Штип беше подобра од Работнички со 3:1. Шест лета учествуваше и во европските купови.

Дали Ренова ќе продолжи да егзистира како нисколигаш, останува да видиме. Клубот е под ОФС Тетово, во тетовчани веќе некое време не ја играат општинската лига, од само ним познати причини. Дали клубот ќе пријави екипа за учество во групата Запад од 3.МФЛ, времето ќе покаже.

Откажувањето на Ренова од 1.МФЛ значи дека секое коло еден тим ќе биде слободен. Сезоната почнува викендот на 6 и 7 август, а поради ваквиот развој на настаните тимот на Македонија ЃП ќе има продолжен одмор за една недела. Потоа слободен ќе биде Скопје, па Шкупи итн... сѐ до крајот на сезоната во мај. Воедно, тоа значи и дека наместо два клуба да испаднат во втората лига, директно ќе испадне само еден. Нема да има промени во бројот на учесници во баражите.

Од откажувањето на Ренова ќе профитира и тетовскиот третолигаш Љуботен кој во 1. коло од Купот на Македонија беше извлечен да игра токму со Ренова, па сега најстариот активен македонски клуб оди директно во осминафиналето.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Read more

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Read more

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Read more
 

Спорт

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе