Репертоар на 21. CINEDAYS за 11.07.2022

Јули и оваа година е во исчекување на меѓународниот фестивал на европски филм – CINEDAYS, кој годинава се одржува по 21 пат, во термин од 7 до 14 јули и за среќа ќе бидеме „во филм“ цела недела со повеќе од 50 филмови.

Репертоар на 21. CINEDAYS за 11.07.2022
МКЦ
10:00 часот

Синедејс Синема Форум

CINEDAYS CINEMA FORUM е настан на кој киноприкажувачите од балканскиот регион ќе имаат можност да ги споделат своите методи и искуства на работа, како и да се запознаат со новите трендови во индустријата. Имајќи го предвид разлчниот општествен контекст на земјите од регионот, секој киноприкажувач зад своите почетоци, развој и напредок има посебна приказна. Токму затоа е многу важно претставниците од киносекторот да ги пренесат своите знаења и начини на работење, како и да ги споделат проблемите со кои се соочуваат, недостигот на комептенции и вештини во оваа област. На овој еднодневен настан преку модерирани дискусии ќе се стави фокусот на тоа како да се менаџира кино, кои се новите начини за да се привлече младата публика и како да се биде иновативен во секторот. Првото издание на CINEDAYS CINEMA FORUM е организирано во соработка со „Форум за разумни политики“.

ГТЦ Кров
20:30 часот

Брат и сестра– Гала селекција

Сценарио и режија: Арнауд Десплечин

Алис и Луј се брат и сестра. Таа е актерка; тој бил настав- ник и поет. Повеќе од дваесет години, Алис го мрази својот брат. Со години се немаат видено. Смртта на родителите ги принудува повторно да се сретнат.  Филмот својата премиера ја имаше на Канскиот фестивал во мај годинава.

Кино Милениум
20:30 часот

Вечно млади - Гала селекција

Режија: Валериа Бруни Тедесчи 

Кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век, Стела, Виктор, Адел и Етјен имаат по дваесет години. Полагаат прие- мен испит за прочуената актерска школа создадена од Патрис Шеро и Пјер Роман во Театарот де Амандје во Нантер. Итајќи со полна брзина во животот, страста и љубовта, заедно ќе ја ис- кусат пресвртницата на своите животни, но и првата трагедија.

Филмот својата премиера ја имаше на Канскиот фестивал во мај годинава.

Кинотека
20:30 часот

#DOGPOOPGIRl

Режија и сценарио: Андреи Хутулаек

Кучето на една жена врши нужда во вагон од подземната же- лезница. Тинејџер го снима инцидентот и го објавува на ин- тернет. Настанува хаос. Инспириран од вистински настан, од инцидентот Dog Poop Girl што се случи во Јужна Кореја во 2005 година.

22:30 часот

Од никаде  – ретроспектива на Фатих Хакин 

Од никаде, животот на Катја се распаѓа кога нејзиниот сопруг и синчето Роко ќе загинат во бомбашки напад. Нејзините пријатели и семејството се обидуваат да и ја дадат потребната поддршка, и Катја некако успева да го преживее погребот. Меѓутоа, опседнатоста да се пронајдат злосторниците и причината зад нападот го усложнуваат болното тажење на Катја, отворајќи рани и сомневања. Данило, ад- вокат и најдобар пријател на Нури, ја застапува Катја во судењето против двајцата осомничени: млад пар неонацисти. Судењето сосема ја полудува Катја, но за неа едноставно не постои друг избор: таа сака правда.

МКС парк
21:00 часот

Исти  - МК кратки

Режија: Ферди Јајаи

Анимиран краток филм за двајца различни луѓе разделени од едно дрво.

Јут топија – Официјална селекција

Режија: Денис Стормер

Вања воопшто не ја интересира трендот на самореализација, до- дека алгоритамот и нејзе не и доделува совршена работа. Новоот- криените привилегии и потврда на работното место се супер, но ќе ја направат ли посреќна од дување лепило? Набрзо почнуваат да ѝ недостасуваат откачените пријатели од детството.

Поп Ап кино

21:00 часот

Дом на градежници

Вечно млади - Гала селекција

Режија: Валериа Бруни Тедесчи 

Кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век, Стела, Виктор, Адел и Етјен имаат по дваесет години. Полагаат прие- мен испит за прочуената актерска школа создадена од Патрис Шеро и Пјер Роман во Театарот де Амандје во Нантер. Итајќи со полна брзина во животот, страста и љубовта, заедно ќе ја ис- кусат пресвртницата на своите животни, но и првата трагедија.

Филмот својата премиера ја имаше на Канскиот фестивал во мај годинава.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Филм & ТВ

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе