Репертоар на 21. CINEDAYS за 12.07.2022

Јули и оваа година е во исчекување на меѓународниот фестивал на европски филм – CINEDAYS, кој годинава се одржува по 21 пат, во термин од 7 до 14 јули и за среќа ќе бидеме „во филм“ цела недела со повеќе од 50 филмови.

Репертоар на 21. CINEDAYS за 12.07.2022
ГТЦ Кров
20:30 часот

Одлука за заминување– Гала селекција

Сценарио и режија: Парк Чан Вок

Кога маж загинува на планина, случајот го добива детекти- вот Хе-Чон. Тој ја испитува Со-Ре, сопругата на починатиот, која е рамнодушна на смртта на сопругот, што ја прави со- вршениот виновник. Но чувствата што му се раѓаат за неа, го исфрлаат од колосек...

Филмот својата премиера ја имаше на Канскиот фестивал во мај годинава.

Кино Милениум
20:30 часот

Тори и Локита - Гала селекција

Режија: Жан Пиер Дарден и Лук Дарден

Во Белгија денес, мало момче и девојка адолесцент, кои допатувале сами од Африка, ги здружуваат силите во непобедливо пријателство против суровите услови на нивниот егзил. Филмот својата премиера ја имаше на Канскиот фестивал во мај годинава.

Кинотека
20:30 часот

Крпеница – официјална селекција

Режија: Петрос Чараламбоус

Хара си го сака семејство, но сеедно, понекогаш размислува каков би бил животот без нив. Колебливото пријателство со една сра- межлива и пркосна девојка неумоливо ја принудува да се соочи со својот егзистенцијален гнев и болното минато што се обидува да го заборави.

22:30 часот

Рез  – ретроспектива на Фатих Хакин 

Мардин, 1915 година: една ноќ, турската полиција ги собира сите ермен- ски мажи во градот, меѓу кои и младиот ковач, Назарет Манугјан, кого го разделуваат од семејството. Неколку години подоцна, откако ќе успее да ги преживее ужасите на геноцидот, ќе дознае дека неговите две ќерки се исто така живи. Ќе се опседне со идејата да ги пронајде и тргнува да ги бара. Потрагата го носи преку месопотамските пустини и Хавана до соголените и пусти прерии во Северна Дакота. За време на оваа одисеја, тој среќава многу различни луѓе: добродушни луѓе со ангелско срце, но и луѓе што се вистинско олицетворение на ѓаволот.

МКС парк
21:00 часот

Перики - МК кратки

Режија: Ангела Димеска

Адам е срамежлив тинејџер, кој сѐ уште ја истражува својата сексуалност. Овој негов внатрешен конфликт доаѓа до израз кога оди кај својата девојка Лена и прави сѐ што е во негова моќ за да избегне сексуален однос.

Како го дозволивте ова?  – Официјална селекција

Режија: Јаир Ашер и Атамир Лапид

Јишај оди во посета кај семејство во Израел, во надеж дека ќе открие што со иднината. Се зближува со помладиот брат Омер, слободоумник по природа. Јишај наоѓа утеха во откачените и изненадувачки средби од минатото, но мора да ја земе предвид и својата иднина, како и климавиот однос со Омер.

Поп Ап кино
21:00 часот

Средно Водно

Злосторство на иднината - Гала селекција

Режија: Дејвид Кроненберг

Како што луѓето се приспособуваат на синтетичка среди-на, телото претрпува промени и мутации. Заедно со својата партнерка Каприс, познатиот уметник Саул Тенсер јавно ја прикажува метаморфозата на неговите органи преку аван- гардни перформанси. Тимлин, иследничка од Националниот регистар за органи, опсесивно ги следи нивните движења. Токму тогаш се открива мистериозна група... Нивната мисија е да ја искористат славата на Саул за да ја разоткријат след- ната фаза на еволуцијата на човекот.

Филмот својата премиера ја имаше на Канскиот фестивал во мај годинава.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе