Ретроспектива: Македонија во 2020

Покрај појавата на пандемијата на COVID-19, на политички план нашата земја ја одбележаа голем број настани. Новото име Северна Македонија можеби некако ги „смири“ односите со Грција, но старите конфликти со Бугарија повторно „воскреснаа“, овој пат удирајќи на историјата, јазикот и културата на Македонците.

Во 2020 година станавме земја-членка на НАТО, советот на министри на Европската Унија одобри почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ, но Бугарија стави вето, одржани беа предвремени парламентарни избори, беше одбрана нова Влада и се случија многу други настани.

Да почнеме хронолошки: на 3 јануари премиерот Зоран Заев поднесе оставка по што Собранието избра техничка влада, предводена од Оливер Спасовски.

На 11 февруари, Собранието го ратификуваше Северноатлантскиот договор.

Првиот потврден случај на COVID-19 во земјата беше на 26 февруари, а првиот смртен случај од последици на болеста на 22 март.  На 13 март беше прогласена кризна состојба во Дебар и Центар Жупа, поради ширењето на коронавирусот.

На 18 март претседателот Стево Пендаровски прогласи вонредна состојба на цела територија. Тој неколку пати ја продолжи вонредната состојба, до 14 јуни кога целосно беше укината оваа мерка.

На 24 март беше одобрен почетокот на пристапните преговори за членство во ЕУ, а на 27 март станавме 30 земја членка на НАТО. На 30 март, знамето на државата со свечена церемонија беше кренато пред седиштето на НАТО во Брисел.

На 23 мај успешно беше изведена првата трансплантација на срце во државата.

На 15 јули се одржаа предвремените парламентарни избори на кои гласањето траеше три дена поради протоколите за заштита од COVID-19. На изборите победи коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ.

На 31 август Собранието ја изгласа новата Влада предводена од Зоран Заев, лидерот на СДСМ. 

На 17 ноември, Бугарија стави вето на преговарачката рамка за почеток на пристапните договори со ЕУ. На 8 декември, откако Бугарија не ја смени одлуката со која не ја одобри преговарачката рамка, нашата држава порача дека македонската иднина е европска.

Освен блокадата за усвојувањето на преговарачка рамка, Бугарија бараше во заклучоците за Македонија да стои реченица поврзана за погрешното толкување на историјата“.

За тоа време, опозицијата на чело со ВМРО-ДПМНЕ протестираше низ Скопје и другите градови поради незадоволство со преговорите водени со Бугарија и спорот што се води на културно-историски план меѓу двете земји.

Јавноста повторно беше разбранувана поради најавените реформи според кои се предвидува спојување на предметите историја и географија во еден предмет.

Од МАНУ порачаа дека е потребно систематско изучување на македонската историја и јазикот, а реформите се спомнуваат во период кога е актуелен спорот со Бугарија, поврзан со историјата и спорните барања на Бугарите за интервенции во македонските учебници.

И додека земјата ќе продолжи да бара решение со Бугарија, македонските политичари се поделени по ова прашање. Премиерот Зоран Заев смета дека разговорите треба да продолжат во пријателски дух и градење подобри односи, додека лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека Заев треба да престане со преговорите ако услов се големодржавните барања на Бугарија.

Фото: МИА

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе