Reuters исмеан поради слика од пејнтбол во извештај за војната во Украина

Реномираниот медиум употреби слика од пејнтбол во статија каде известува како Украина одбила руски напад.

Новинската агенција Reuters стана предмет на онлајн потсмев откако објави извештај за војната во Украина и притоа употреби слика на која се гледа како луѓе се забавуваат играјќи пејнтбол.

Веста која беше објавена во понеделникот известуваше како украинските војници одбиле руски напад во регионот Суми со наслов „Ukraine says it has repelled Russian incursion in Sumy region“ (Украина вели дека одбила руско навлегување во регионот Суми).

Објавата споделена и на социјалните мрежи привлече големо внимание не поради содржината на веста, туку поради сликата која беше употребена како насловна (веќе е тргната од страницата, но стои на објавите). Сликата, која веројатно требало да ги претстави украинските војници како се борат на фронтот, ако ја загледате убаво ќе приметите дека всушност е од луѓе кои играат пејнтбол, а носат и типична пејнтбол опрема со препознатливите маски и оружје со боја.

URL

Оваа грешка на Reuters само ја подгреа лавината реакции на социјалните медиуми за вистинитоста во известувањата на западните медиуми за руската воена инвазија во Украина. „Овде Reuters ви вели дека Украинците одбиле руски напада КОРИСТЕЈЌИ ПЕЈНТБОЛ ПУШКИ. Абе ајде. Украинците ги бива, а не до толку“, вели еден твитерџија.

URL

„Дали Америка потроши 40 милијарди долари за да ѝ купи на Украина пејнтбол опрема???“, прашува друг твитерџија.

URL

„Веројатно на Украинците навистина им се потребни тие 40 милијарди долари ако навистина се борат против руската армија со пејнтбол пушки? А Reuters се чуди зошто веќе никој не им верува на медиумите“, напиша друг.

URL

Reuters потоа се обиде да ја поправи грешката објавувајќи дека фотографијата покажува „членови на одбранбените сили“ како учествуваат на „тренинг симулација“. Сепак, она што читателите ѝ замеруваат на познатата агенција е што доколку сликата навистина претставува тренинг со пејтбол тоа не го ставила во објаснувањето кога првично ја објави веста.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе