Револтираните Саудијци бараат депортација на Роналдо по срамниот гест

Кристијано Роналдо се најде на удар на јавноста по средбата меѓу неговиот Ал Наср и Ал Хилал кога направи срамен гест кон навивачите на противничкиот тим.

Ситуацијата се вжешти, па отиде дури дотаму што некои јавни личности и навивачи бараат негова депортација.

Навивачите на екипите против кои игра Роналдо со години го провоцираа Португалецот скандирајќи „Меси, Меси“ од трибините, а тој до вчера воопшто не реагираше на тоа.

Сепак, откако неговиот Ал Наср беше поразен на гости со 2:0 и се оддалечи од титулата шампион на Саудиска Арабија, Роналдо беше видно нервозен, па падна на провокациите од трибините.

При напуштањето на теренот, Роналдо одговори со фаќање за меѓуножјето на извиците „Меси, Меси“ од трибините, што беше осудено на социјалните мрежи.

URL

Нуф бин Ахмед, еминентна адвокатка со светско реноме, професорка на Универзитетот во Женева, советник за меѓународни спорови и арбитар во служба на ОН, објави на Twitter дека ќе поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство на Саудиска Арабија, поточно барање за апсење и депортирање на Кристијано Роналдо.

„Неговото фаќање за гениталиите е кривично дело ‘непристојно однесување во јавност’, кое доколку го изврши странски државјанин, повлекува апсење и депортација“, напиша таа и додаде.

„Воопшто не следам спортови. Дури и ако навивачите на Ал Хилал го испровоцирале Кристијано, тој не требаше така да реагира. Неговата постапка е кривично дело“.

URL

Таа се осврна и на потегот со кој Роналдо собори противник, кога го „задави“ со ММА потег.

„Тоа е напад на противнички играч кој нема никакво оправдување и нема врска со фудбалот. Кристијано Роналдо направи толку агресивен чин што исто така е казниво.“

Новинарот Озман Абу Бакр го окарактеризира потегот на Роналдо како неморален и непристоен и побара од Националната фудбалска лига на Саудиска Арабија автоматски да го раскине договорот.

Секако, тешко е да се поверува дека Роналдо ќе биде санкциониран, имајќи предвид дека е најголема ѕвезда во Саудиска Арабија, но нема сомнеж дека со овој потег си го наруши угледот.

По поразот во дербито, Ал Наср остана на 53 бода, три помалку од лидерот Ал Итихад, кој има натпревар помалку. Во саудискиот шампионат се играат 30 кола и ќе биде вистинско чудо доколку Ал Итихад не се закити со титулата шампион.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе