Продуцентската компанија Minimal Collective Skopje објави јавен повик за актери аматери за новиот филм на наградуваниот режисер Ѓорче Ставрески.
Во огласот стои дека се бараат актери аматери на возраст помеѓу 24-36 години за улога во долгометражниот игран филм „Трампи“ во режија на Ѓорче Ставрески.
Заинтересираните се повикуваат да се пријават на e-mail адреса: filmtrampi@gmail.com најдоцна до 30.06.2022, а потребно е да приложат: име, презиме и возраст, своја фотографија и кратко видео со претставување не подолго од 1 минута.
Оттаму додаваат дека за сите дополнителни прашања заинтересираните може да се обратат на горенаведената e-mail адреса.
Ставрески е режисер и сценарист на „Исцелител“, филм што освои бројни интернационални признанија, беше првиот македонски филм прикажан на престижната онлајн платформа HBO GO и доби блескави критики од врвните светски списанија Variety и Hollywood Reporter. Филмот беше национален кандидат на Република Македонија за наградата Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје за 2019 година.