ПРЕД ВЕЧЕРАШНИОТ КОНЦЕРТ СО ФИЛХАРМОНИЈА

Ристо Вртев: Песните на „Архангел“ сега ми будат поинакви емоции од времето кога беа напишани

Tрадиционално, во соработка со град Скопје, на 26 јули во 21 часот во Градскиот Парк ќе се одржи концертот „Филхармонија на отворено“.

Оваа година концертот е посветен на музиката на еден од најзначајните македонски бендови „Архангел“, во оригинална и автентична оркестрација на Џијан Емин. Публиката ќе има исклучителна можност да ги чуе безвременските песни на овој култен македонски бенд со кој пораснаа многу генерации. Оркестрацијата на Емин ги следи авторските компоненти на песните, но, оркестрацијата е целосно авторска и оригинална. Џијан Емин е диригент на овој концерт, а со оркестарот ќе настапи и фронтменот на Архангел - Ристо Вртев.

-Многу сме среќни, што и оваа година, го реализираме концертот „Филхармонија на отворено“, настан кој премина во традиција, посебно што оваа година тој е посветен на „Архангел“ – бендот кој остави траен печат во македонската рок историја. Сите знаеме кои се „Архангел“, кој е Ристо Вртев, тој е вистински волшебник за мене – вели Тина Иванова, в.д. диркторка на Филхармонија.

Ристо Вртев, вели дека привилегија е за секој рок музичар да има ваков оркестар зад себе, и дека ваквите проекти треба да станат традиција.

-Сега, додека ги пеам песните, во ваков амбиент, откривам нови работи, ми будат поинакви емоции од времето кога беа напишани. Се надевам дека со овој концерт ќе придонесеме нашиот град да биде уште поубав – вели Вртев.

Оркестрациите на песните се на Џијан Емин и тие ќе понудат поинаква звучна слика на песните од „Архангел“.

-И покрај тоа што сум работел со „Архангел“, мојот прв настап со овој бенд како клавијатурист беше во 1998 година, јас себеси, пред се се гледам како фан на овој исклучителен македонски бенд. Така што можам да кажам дека, покрај тоа што ќе го водам овој концерт во сабота, јас воедно ќе бидам и дел од публиката – истакна Емин.

Традиционално овој концерт се реализира во соработка со Град Скопје.

-Возбудени сме што оваа година одбележувањето од трагичниот земјотрес на нашиот град ќе биде збогатено со најдоброто нешто, со музиката на еден од најдобрите македонски бендови „Архангел“. Добрите познавачи ја ставаат оваа музика во т.н. категорија на безвременски песни кои му пркосат на времето и живеат вечно, благодарени на својот врвен музички квалитет – вели Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје.

Дизајнот на плакатот за настанот е на Горан Златевски, а концертот ќе биде збогатен и со визуелизацијата на Наташа Поплавска, а анимациите на Дејан Матиќ -Део.

реклама

Откритие што менува сѐ: Човечки стапалки стари 23.000 години најдени во Ново Мексико

Read more

Го „уби“ Куман со поглед - младиот Пуиг ги освои фановите на Барса

Read more

Како за 5 секунди да откриете дали месото е свежо?

Read more

Филипче: Од средината на октомври нова мерка - ќе може да функционираат само целосно вакцинирани граѓани

Read more

МК сцена

Почнува 36-тото издание на Макфест

Read more

Откажани фестивалите Skopje sounds good и Skopje calling

Read more

Кој сѐ ќе настапи вечер на Здраво Млади 11?

Read more

„Чувај ме“ е новата песна на култниот македонски бенд „Д.Н.О“

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Како звучи Кристен Стјуарт како принцезата Дијана: Двеминутен трејлер

Читај повеќе
  • play_arrow

Family Guy ја објаснува вакцинацијата на начин што секој може да го разбере

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за трилер хоророт „Night Teeth“

Читај повеќе
  • play_arrow

22 септември 1994, беше прикажана првата епизода од култните „Friends“

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 филмови за вонземјани инспирирани од вистински настани

Читај повеќе

Почина актерот Вили Гарсон, познат по улогата во „Sex and the City“

Читај повеќе
  • play_arrow

„The Handmaid’s Tale“ постави нов рекорд кој не е за фалење

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавен првиот тизер за продолжението на „Sex and the City“

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе