РК Пролет донесе голман од Црна Гора

Ракометниот суперлигаш Пролет го реши голманското прашање за новата натпреварувачка сезона потпишувајќи договор со црногорскиот голман Данило Михаљевиќ.

Михаљевиќ ги мина изминатите денови во Скопје, по што го стави својот потпис на едногодишниот договор со Тинекс Пролет, со можност за дополнително продолжување на соработката. Михаљевиќ има настапувано за неколку црногорски екипи, но исто така и во неколку клубови во странство, како Пореч од Хрватска, Железничар 1949 од Ниш (Србија), Сетубал од Португалија и Пјотрковија од Полска. Тој доаѓа за да го засили тимот по заминувањето на Јане Цветковски и ќе го сочинува голманското трио заедно со Андреј Петковски и со Матеј Ивановски.

Овој 25-годишен чувар на мрежата родум од Цетиње има зад своето име настапи за сите младински селекции, како и за сениорската репрезентација на својата татковина.

Данило Михаљевиќ е третото значајно засилување за тимот од скопската населба Пролет, по ангажманот на македонскиот репрезентативец Томи Јагуриновски и на Александар Василевски, а од клубот најавија дека во наредниот период се очекува дополнително засилување на играчкиот кадар за наредната сезона.

Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Ракомет

Штербик имал срцев удар

Read more

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Read more

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе