Обожавателите на Marvel и серијата Killing Eve има што да очекуваат.
Роберт Дауни Џуниор и Сандра О ќе се појават во серијата The Sympathizer.
Шпионската серија се врти околу капетан кој е северновиетнамски „крт“ инфилтриран во јужновиетнамската армија. На крајот на Виетнамската војна, ќе биде принуден да се пресели во САД како бегалец.
Ѕвездата на Marvel, Роберт Дауни Џуниор, ќе игра различни антагонистички улоги кои ќе го претставуваат американскиот естаблишмент, вклучително и калифорниски конгресмен и агент на ЦИА кои може да се видат како го испрашуваат капетанот на крајот од трејлерот.
Серијата е адаптација на истоимениот роман на Виет Тан Нгуен, добитник на Пулицерова награда. The Sympathizer е ко-креиран од Парк Чан-вук и Дон Меккелар, а ќе можеме да го гледаме од следната година на HBO.