Жителите на Бронкс беа прилично изненадени од појавата на четвороножниот робот во боите на њујоркшката полиција, во друштво на полицајци која одговорија на вознемирувачки повик за помош.
Digidog беше во друштво на детективи ангажирани околу потенцијално киднапирање.
Роботот се упати во зградата каде опремен со камери и напреден AI систем (вештачка интелигенција) ги истражи просториите во потрага по киднаперите и жртвата.
Не пронајде никого.
Роботот-куче е дизајниран за опасни акции, може самостојно да се качува по скали и да трча со брзина од 5,6 км/час.