Родителски маки: Зошто децата лажат?

Лажењето е нормална фаза во развојот за повеќето деца. Малите деца најчесто лажат за да се обидат да решат проблем.

Колку и да се чини безопасно, родителите треба да бидат свесни за ова. Лагата се користи за да се избегнат последиците, а за соочување со нив.

Задача на родителите е да ги научат децата како да ги решаваат проблемите на поконструктивен начин.

За да избегнат проблеми

Можеби детето прекршило правило или не направило нешто што требало. Ако детето нема друг излез, наместо да ги трпи последиците, лаже за да избегне проблеми. Понекогаш тоа е единствениот начин на кој може да го реши проблемот, и иако лажењето е погрешно, претставува вештина за преживување.

За да сокријат одреден дел од својот живот од нивните родители

Децата лажат кога мислат дека нивните родители се премногу строги и избираат да не ги слушаат. На пример, вие сте родител на 16-годишна девојка на која ѝ забранувате шминкање, но тоа го прават сите нејзини пријателки, па таа одлучува да го стори тоа и се обидува да го скрие од вас.

За да создадат одредена слика за себе

Децата ќе користат лаги за да создадат слика за себе, дури и ако таа слика е лажна. Може да се користи за да ги импресионира врсниците или како одговор на притисокот од околината. Ова не е невообичаено, на крајот на краиштата, сите знаеме возрасни кои го прават истото.

За да привлечат внимание

Кога детето е мало, лагите се ситни. Тогаш таквото однесување може да биде само негов начин за привлекување внимание. Помладите деца исто така измислуваат приказни за време на имагинативна игра. Во овој случај, тие ја развиваат имагинацијата и се обидуваат да го разберат светот околу нив.

Така, кога едно мало дете вели „Само што го видов Дедо Мраз како лета покрај мојот прозорец“, тоа е многу различно од постарото дете кое вели „Ја завршив домашната задача“, а не го направило тоа.

За да не повредат некого

Децата лажат за да не ги повредат туѓите чувства. Тие уште не знаат да кажат нешто на поубав начин, па затоа им е поудобно да лажат. Овој вид лажење е првиот чекор кон учење како некому да кажете нешто на повнимателен начин.

Фокусирајте се на посериозните лаги

Оценката за сериозноста на лагата зависи од вас. Но, ако забележите дека детето лаже за нешто ризично, незаконско или небезбедно, тоа мора да се реши.

Ако станува збор за ризично однесување на училиште, сексуално однесување, дрога или други штетни активности, можеби ќе треба да побарате стручна помош.

Бирајте си ги битките. Вие најдобро го знаете и сакате вашето дете, но тоа не значи дека треба да го прикриете неговото лошо или ризично однесување. Фокусирајте се на она што е важно.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Живот

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Три начини да се опоравите од животот со токсични родители

Read more

Ѕвездите предвидуваат дека 2024 ќе биде година со многу разводи

Read more
 

Магазин

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Читај повеќе

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Читај повеќе

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најморничави напуштени градови

Читај повеќе

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Читај повеќе

Кои се двете најлоши опции за појадок?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Читај повеќе

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Читај повеќе

Пикантни свински медалјони готови за 20 минути

Читај повеќе