Роко, тргни ја опашката
Секогаш е незгодно кога на онлајн средба ќе се случи непријатно прекинување. Оваа недела, на интернет се актуелни шкотскиот парламентарец Џон Николсон и неговиот миленик Роко.
„Те молам Роко, тргни ја опашката“, се слуша како вели засрамениот пратеник, додека вниманието е насочено кон опашката на мачорот.